Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух
МАКЕДОНИЈА

Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Објавено October 8, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот.

Во Начелниот став се утврдува дека државата согласно националната и меѓународната правна регулатива, е должна да обезбеди здрава животна средина и дека со непреземањето дејствија од страна на надлежните јавни органи се повредува уставно загарантираното право на здрава животна средина.

„Согласно националната и меѓународна правна регулатива, Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка, можат да бараат да се задолжат надлежните органи, да ги донесат Основните плански документи, од член 23 од Закон за квалитет на амбиенталниот воздух, како Општи акти“, се наведува во Начелниот став.
Претседателката на Врховниот суд на Република Македонија, Беса Адеми, истакна дека правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско и човеково право и непосредно поврзано со унапредувањето на здравјето на граѓaните и со законски пропишаните обврски и должности за заштита на животната средина.

„Една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. Пристапот до здрава животна средина е основно човеково право, на што упатува и Советот за човекови права на Обединетите нации“, истакна претседателката на Врховниот суд, додавајќи дека прашањето е важно и од аспект на Европската конвенција, Советот на Европа, Европскиот суд за човековите права и Европскиот суд на правдата.

Професорот д-р Борче Давитковски истакна дека судската власт е коректив на другите власти и дека преку својата отвореност кон јавноста, Врховниот суд дава исклучителен придонес за јакнење на јавната доверба, особено што Општата седница расправа за прашања кои се од интерес на граѓаните и човековите права.

Професорот Давитковски нагласи дека правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право и дека секој има право на информации за здравата животна средина, односно за загадувањето на воздухот, согласно конвенциското право и домашното законодавство.

Во таа насока, професорот истакна дека согласно Уставот, секој може да бара заштита на своето право, посебно во ситуација кога јавните органи не ги презеле дејствијата кои согласно законот биле должни да ги преземат и дека од големо значење е што судската власт застанува во одбрана на правата и интересите на граѓаните.

Судијата Џемали Саити истакна дека секој човек има право на здрава животна средина и дека во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат и одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконити акти и дејствија. На тоа се надоврза судијата Анита Бошковска, која нагласи дека утврдувањето на начелниот став е од големо значење како за граѓаните и јавниот интерес, така и за судството.

Судијата Мирјана Лазарова Трајковска подвлече дека најзначајниот аспект е дека не секогаш со чинење се повредуваат правата, туку може многу поголеми повреди да бидат извршени со не чинење. Во оваа насока, судијата Лазарова Трајковска потенцираше дека правото на здрава животна средина, а во смисла на судската заштита подразбира и право на пристап до суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Боки 13 најавува филм РЕКЕТ: Верувајте дека ќе занеме целиот свет!
Следна Статија „Конти“ пропадна, се појави „Грок“- нова пирамидална шема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Набавуваме 120 ЕКО автобуси

На Скопје му треба силна трансформација, градски воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура! Градски воз, тоа е нешто што го…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андовска за аферата „Мазут“: Малку е доживотен затвор и конфискација, ама немаме смртна казна

Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, ја коментира аферата „Мазут“. Ај што пепел направиле…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Во новиот предлог буџет за 2025 година ставките за млади и студентите значително се зголемени

Денес на покана на УМС на ВМРО-ДПМНЕ овде во Ѓорче Петров имаме средба со студенти. Денес го одбележуваме интернационалниот ден…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската…

May 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?