Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт разговарале министерот Николоски и романската амбасадорка Аксинте
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт разговарале министерот Николоски и романската амбасадорка Аксинте
ЕКОНОМИЈА

За економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт разговарале министерот Николоски и романската амбасадорка Аксинте

Објавено October 24, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите.

Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа.

На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт, како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Се истaкна и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, притоа министерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

На средбата се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји при што двајцата соговорници ја нагласија потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот четиригодишен мандат на Трамп, Германија би ја чинел околу 180 милијарди евра
Следна Статија Средба Сиљановска Давкова – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите

Повеќе од половина од корисниците на телекомуникациските услуги се задоволни од цените и квалитетот, а сумираното задоволство од цените е…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме

13 отсто од вработените во Македонија, или околу 70.000 работници на 16 декември не ја земале ноемвриската плата, покажуваат податоците…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП ќе спроведува засилени контроли кај такси превозот

Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Федералните резерви ја намалија каматната стапка, но иднината е неизвесна

Централната банка на САД го намали каматниот процент по трет пат годинава, но изгледите за натамошно намалување остануваат нејасни.

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?