Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци
МАКЕДОНИЈА

За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци

Објавено January 26, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци, порачува Фатри Фетаху, познат активист за правата на Македонците во Албанија и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за областа Голо Брдо.

Искажува убедување дека „заеднички и сплотени ќе се избориме со сите неправди кои нѝ се извршени“.

-Време е да кажеме: Доста е! На сите оние кои ни наштетувале и се обидуват да ни наштетат. Живееме во демократија, во време кога секој поединец може да го изрази свото чувство за нацијата кон која припаѓа, верата кон која припаѓа. Во 21 век срамно е некому да му се наметнуваат и насилно да се бара да се изјаснува поединецот онака како што бараат други. Верувам и повикувам сите жители на Голо Брдо, не само да се чуствуваате како горди Македонци туку и слободно, без страв тоа да го кажувате секому, наведува Фетаху.

Тоа, додава нѝ е наследство од нашите предци и иднина за нашите потомци.

-Секој кој што ќе ве убедува дека тоа не е така, дека ќе има последици или закани ако се изразите за Македонци се плаши од нашата богата и долга македонска историја. Да не подлегуваме и да не дозволиме да ни подметнат фалсификат. Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци, стои во објавата.

Фатри Фетаху, дипломиран економист, е жител на село Требиште, кој од повеќе од десет години е активен член на МД „Илинден-Тирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Млада штипјанка нападнала полицаец
Следна Статија (ФОТО) Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Богородица ќе се отворат две дополнителни ленти за излез од Македонија

Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај,…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

МУЦУНСКИ: Од позиција на климање со глава, се вративме на патот на самопочит, стабилност и влијание

Дипломатијата не е само надворешна политика-таа е карактерот на државата во очите на светот. Оваа година, изградивме карактер-достоинствен, цврст и…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

 Предметот „Онкологија“ е завршен и поднесени се две обвиненија до Основниот кривичен суд Скопје, информираа денеска на заедничка прес-конференција државниот…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?