Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“
МАКЕДОНИЈА

За многу години Св. Георгиј-Ѓурѓиц: Денес е важен празник кој има свои „правила“

Објавено November 16, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска.

Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.

Според народните верувања од сега до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.

Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.

За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава. Не треба да се преде волна и ништо не се пере.

Кројачите и чевларите одмараат, додека жените не треба да работат рачни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес почувствуван утрово во Дојран
Следна Статија Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре во Кочани нема да се одржи „Маршот на ангелите“

Оваа сабота (13 септември) во Кочани нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавена е листа на најопасни земји во Европа: Франција на врвот, еве на кое место се наоѓа Македонија

Истражувачката платформа Numbeo го објави најновото рангирање на европските земји според индексот на криминал за 2025 година, кое не се…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Концепт „Наше дете“

Последните трагични настани се уште еден доказ за целосната ерозија на системот. Кога изместениот систем на вредности и негативната селекција…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?