Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април
ПОЛИТИКА

Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април

Објавено October 3, 2024 15:50
Сподели
Сподели

Ќе искористам една реченица која ја прочитав неодамна – Македонија е остров на рационалност, ама и океан на лудило и забеганост. Вака поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ одговара на обвинувањата на Зијадин Села од Европскиот фронт, кој во интервју за „Фокус“ рече дека Заев му дозволил на Никола Груевски да ја напушти државата поради високиот рејгинг, а на последните избори дејствувал во корист на Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа.

Колку треба човек да е желен за власт за да може да каже вакви забегани и налудничави работи. Зарем има нормален човек кој може да поверува дека Зоран Заев може да биде против СДСМ? Повеќе од 9 години сум бил претседател на СДСМ и повеќе од 7 години потпретседател на СДСМ. Со мене на чело два пати ја донесовме СДСМ на власт. Нема потреба да потсетувам што се сум поминал јас и моето семејство, како и многу други истомисленици од „раката“ на ВМРО-ДПМНЕ последните 25 години. Доволно е 27-ми април 2017-та само да го споменам. Човек што може да истреска такви забегани и налудничави работи во само едно интервју не е достоен ниту да биде тужен од мене. Тој човек другите го знаат веќе каков е, ама добро и сам себе да се погледне и да заклучи дали треба или не треба да се занимава се уште со политика. Ако замина и повторно се врати во политика за да зборува вакви небулози, подобро за него ќе беше да не се враќа никогаш повеќе во политика.Кога го читав тоа што го изјавил за мене, си помислив дај Боже да не е човекот ваков од пресилните удари од вмровците инструирани и организирани од Груевски на 27-ми април 2017-та година. И после 3 години како сум заминат од политика, моето име и името на моето семејство вмровците го напаѓаат повеќе отколку на двајцата претседатели на СДСМ што се после мене, реагира Заев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски вечерва гостин во „Само интервју“ на Канал 5
Следна Статија Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката Идадија во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

И евроамбасадорот гледа забрзување на реформите, само СДСМ не

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјава во сите 51 реформски чекор, додека во грејс…

July 3, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го…

May 13, 2026
ПОЛИТИКА

Костадиновска-Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска,…

March 23, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски ги кани градoначалниците на Карпош и Струмица на состанок во ЗЕЛС, Костадинов одби

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека градоначалниците на Карпош…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?