Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Загрижувачка агресија: Дете заврши на Неврохирургија, откако било удирано во глава од соученик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Загрижувачка агресија: Дете заврши на Неврохирургија, откако било удирано во глава од соученик
ХРОНИКА

Загрижувачка агресија: Дете заврши на Неврохирургија, откако било удирано во глава од соученик

Објавено November 21, 2024 18:30
Сподели
Сподели

Дванаесетгодишен ученик од ОУ „Блаже Конески“ од Велес вчера заврши на Клиниката на неврохирургија во Скопје со тешки повреди на мозокот, откако друг основец го давел и му ја удирал главата.

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во oпштинско основно училиште во Велес, малолетник физички нападнал друг малолетник, негов соученик. Нападнатиот малолетникот бил однесен во болницата во Велес, по што, поради сериозноста на повредата бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. За настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес, соопштија од МВР.

В.д. директорката на ООУ„Блаже Конески“ Маја Коруновска преку соопштение до медиумите информираше дека „немилиот инцидент“ се случил пред почетокот на вториот час за време на малиот одмор, помеѓу двајца ученици од предметна настава.

Од страна на предметните наставници, стручната служба и директорот веднаш е постапено со тоа што е повикана Итна медицинска помош и се известени родителите на повредениот ученик и тој во придружба со одделенскиот раководител и секретарот на училиштето е пренесен во Општата болница во Велес. Веднаш се извршени разговори за резрешување на случајот со сите ученици од одделенската заедница, индивидуално е разговарано со ученикот кој го предизвикал инцидентот и разговори со група на ученици од одделението. Известени се и повикани на разговор родителите на ученикот кој го предизвикал инцидентот и запознаени се со целиот случај и понатамошните постапки кои ќе ги преземе училиштето за случајот. Од страна на училиштето е постапено во согласност со Законот за основно образование и се известени СВР Велес и Центарот за социјални работи Велес, вели таа.

Појаснува дека во училиштето е направен увид од страна на службени лица од СВР Велес при што е објаснет целиот инцидент и дадени се индивидуални изјави од стана на неколку предметни наставници, лице од технички персонал и директорот, кои интервенирале веднаш по случувањето на инцидентот.

Директорката и стручната служба ќе продолжат да постапуваат согласно Законските и подзаконските акти, процедури и насоки за постапување при вакви постапки со цел во иднина да не се повторуваат. Училиштето, како и до сега е подготвено за соработка со сите надлежни институции за надминување на вакви ситуации. Ве замолуваме да се воздржите од ширење на дезинформации по овој случај со цел да се заштитат учениците вклучени во инцидентот, нивните семејства и другите ученици од одделенската заедница, а истовремено да се спречат несоодветни реакции од страна на потесната и пошироката јавност, апелира в.д директорката Коруновска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите
Следна Статија Целата македонска јавност го виде вистинското лице на Апасиев, напиша Мицевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пукање во Моране- едно лице со повреди пренесено во Градска болница

Едно лице повредено од огнено оружје попладнево е донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Од Министерството…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра

Кавадарчанка била измамена преку СМС порака, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни…

January 22, 2026
ХРОНИКА

Почина Феликс, кучето кое крвнички беше претепано и малтретирано од постар скопјанец

Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“,…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?