Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните

Објавено November 22, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Во време кога граѓаните сѐ уште трпат големи последици од економската криза, а банките од година в година остваруваат огромни профити, од огромно значење е да се спречи секое дополнително финансиско оптоварување.

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, откако лани го поднесовме со пратениците на ,,Левица” и не помина односно не дојде ниту на дискусија, денеска по втор пат го поднесуваме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи. Наместо со интерна банкарска политика, доколку се усвојат овие измени и дополнувања, неоснованите трошоци ќе бидат регулирани со законско решение.

„Упатувам апел од оваа говорница до сите пратеници да нѐ поддржат и најбрзо што можат да го изгласаат овој предлог-закон, со единствена цел враќање на илјадници денари во џебот на граѓаните, изјави денеска претседателката Зајкова откако и официјално ги достави предлог измените во Собранието.

Според Зајкова, носењето на правилни законски решенија делува во функција на зголемувањето на финансиската моќ на граѓаните и преку овој предлог-закон ќе се ограничи слободата на банките неосновано да ги наплаќаат речиси сите нивни услуги.

„Граѓаните не се должни да ги богатат банките на нивна штета. Затоа, значењето за брзо носење на ова законско решение е огромно! Не смееме да дозволиме банките да наплаќаат надоместоци за затворање на платежна сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички – банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот“, појаснува Зајкова.

Дополнувањата и измените предвидуваат да доколку една сметка во банка е прогласена за неактивна од страна на банката, тогаш банката не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, паричните средства ќе бидат заштитени.

„Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи се воведуваат уште неколку системски решенија – намалување цената за онлајн плаќања, проверка на состојба на трансакциска сметка на банкомат, намалена провизија за повлекување пари од банкомат на друга банка и така натаму. Доколку успееме заеднички да го донесеме Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, речиси сите непотребни трошоци кои ги имаат граѓаните за банкарски услуги ќе заминат во минатото и парите повторно ќе се вратат во нивните џебови“, заклучува претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието на РСМ, Моника Зајкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германија ја тресе криза: И компанијата Бош укинува 5.500 работни места поради кризата во автомобилската индустрија
Следна Статија Актер го обвини Паф Диди за силување!?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

„Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани 11,9 проценти

Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според ДЗС,…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?