Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жена од Хрватска на неверојатен начин освоила лото: Како раѓањето на внукот ѝ донесе милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Жена од Хрватска на неверојатен начин освоила лото: Како раѓањето на внукот ѝ донесе милион евра
ЗАБАВА

Жена од Хрватска на неверојатен начин освоила лото: Како раѓањето на внукот ѝ донесе милион евра

Објавено October 9, 2024 23:00
Сподели
Сподели

Минатиот викенд играч на Лото 7 во Хрватска ги погоди сите седум бројки и доби награда во износ од вртоглави милион евра.

Таа за Хрватската лотарија изјавила дека отсекогаш знаела дека еден ден ќе добие џекпот и истакна дека Лото 7 е нејзината омилена игра, која повремено ја уплаќа преку интернет како што направила и минатата сабота.

„Околу 4 попладне се сетив дека навистина можам да изиграм една седумка. Мојот внук се роди пред десет дена, па во комбинацијата го вклучив неговиот датум на раѓање – и го освоив џекпотот”- раскажува среќната добитничка. Само неколку часа по уплатата, таа го следела извлекувањето на телевизија и сфатила дека токму нејзините броеви се извлечени.

„Седевме со ќерка ми и ѝ реков, ова се моите броеви, таа помисли дека се шегувам. Ми поверува дека погодив се дури откако добив известување од апликацијата, со напишана освоена сума”- објаснува таа.

Веќе одлучила и на што ќе ги потроши парите.

„Моето внуче е моето најголемо богатство и точно знам што ќе правам со парите. Прво ќе им помогнам на моите деца, а дел ќе издвојам за хуманитарни цели, затоа што треба да им се даде на оние на кои им е најпотребно” – заклучува среќната добитничка, пишува Јутарњи лист.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани
Следна Статија Само во една земја платата е под 3.000 евра: Што се добри плати за Европејците?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да приреди вистински спектакл, овој пат тоа го направи на церемонијата на отворањето на Зимските…

February 7, 2026
ЗАБАВА

Разбојници украле 12 тони чоколади „КитКет“

Непознати сторители украле 12 тони чоколадни плочки „КитКат“, а никој во Европа не знае каде е исчезнат камионот во кој…

April 1, 2026
ЗАБАВА

(Видео) Робот за прв пат диригираше со симфониски оркестар

Под диригентство на робот во неделата настапија музичарите на симфонискиот оркестар на Дрезден. Роботот диригираше со помош на три зглобни…

October 16, 2024
ЗАБАВА

Паркинг простор во Бостон се продава за дури 750.000 долари

Цените на недвижностите во Бостон неодамна вртоглаво пораснаа, а не се поштедени ниту паркинг местата. Најскапиот паркинг простор во Бостон…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?