Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жената која на лажниот Бред Пит му исплатила 830.000 евра паднала во депресија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Жената која на лажниот Бред Пит му исплатила 830.000 евра паднала во депресија
ЗАБАВА

Жената која на лажниот Бред Пит му исплатила 830.000 евра паднала во депресија

Објавено January 19, 2025 14:06
Сподели
Сподели

53-годишната дизајнерка на ентериери, Ана од Франција неодамна за францускиот канал TF1 раскажа како станала жртва на голема измама поради која на непознат маж му испратила 830.000 евра мислејќи дека тоа е Бред Пит.

На Ана подоцна ѝ била дијагностицирана тешка депресија. Пред два месеци таа се пријавила во клиника за ментално здравје, каде што е сместена и денес. Нејзината адвокатка, Лорен Хана, изјави дека нејзината клиентка на интернет ја нарекуваат „глупава и наивна“ и дека била безмилосно малтретирана.

По инцидентот со „Бред Пит“ и коментарите на луѓето на интернет, Ана ги избришала сите нејзини социјални мрежи. Адвокатката вели дека случајот е ужасен и дека е шокирана од реакциите на социјалните мрежи.

“Луѓето изгледа само што открија дека има измами на интернет. Љубовните измами преку Интернет не се ништо ново. Ана сигурно не е сама. Она што ѝ треба на мојата клиентка е разумен совет и достоинствено да се третира”, изјави Лорен за Daily Mail.

Лорен Хана раскажа како ѝ помага на својата клиентка да поднесе тужба против банката затоа што дозволила неконтролирани трансфери на толку големи суми пари на странски сметки.

Да се ​​потсетиме дека, вели Ана, „Бред Пит“ во еден момент ѝ напишал дека има рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си ги дозволи средствата за лекување. Тој ѝ испратил фотографии од болницата (дури и од операционата сала), создадени со помош на вештачка интелигенција. Тие никогаш не разговарале по телефон бидејќи, според Ана, секогаш биле премногу зафатени.

По неколку месеци допишување, Ана се согласила да се омажи за човекот кој ѝ испраќал пораки. Таа на крајот му платила пари за „третман“ на лажна сметка. Почнала да се сомнева во неговиот идентитет кога во медиумите се појавија фотографии од Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон. Таа ангажирала инспектори, кои набрзо ја откриле вистината – таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. Сепак, било предоцна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски во Вашингтон на важни состаноци пред инаугурацијата на Трамп
Следна Статија Лекарите објавија од што почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Финансиски проблеми за два хороскопски знаци ова лето

Додека некои хороскопски знаци веќе ги планираат летните патувања и резервираат апартмани, припадниците на два знаци ќе мораат да се…

July 6, 2025
ЗАБАВА

Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период по 10 март 2025 година: Конечно ќе почувствуваат среќа и леснотија

Хороскопот предвидува дека 3 хороскопски знаци ќе излезат од тежок период по 10 март 2025 година. Месечината се израмнува со…

March 11, 2025
ЗАБАВА

Џорџ Клуни го смени имиџот, тера стил на „италијански мафијаш“ 

Џорџ Клуни се појави со Џулија Робертс пред театарот Winter Garden на њујоршкиот Бродвеј, каде се фотографираа со обожавателите и…

April 3, 2025
ЗАБАВА

Абу Даби ја има најскапата елка во светот

Иако христијанските празници не се нивна традиција, тоа не ги спречи Обединетите Арапски Емирати, Јапонија и Кина да ги имаат…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?