Жестоки судири на полицијата со демонстрантите пред грузискиот парламент

- Advertisement -

Пред грузискиот парламент во главниот град Тбилиси, и синоќа дојде до судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти, кои веќе трета вечер по ред протестираа против одлуката за одложување на расправата за пристапување на земјата кон Европската Унија.

Полицајците во опрема за растурање немири испукала гумени куршуми, солзавец и употребила водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлале запаливи направи“, наведе новинар на АФП, кој видел и пламен од прозорецот на зградата.

Се плашам, нема да кријам, дека многу луѓе ќе бидат повредени, но не се плашам да стојам овде – изјави Тамар Гелашвили (39) за АФП во близина на зградата на парламентот.

Протести се одржаа и во многу градови во Грузија.

МВР соопшти дека „постапките на некои присутни на протестите станале насилни набргу по нивното започнување“. На секое прекршување, полицијата ќе реагира соодветно и согласно законот, наведоа оттаму.

Двата претходни протести, во четвртокот и петокот, веќе беа растурени со водени топови и солзавец, а полицијата уапси повеќе од сто лица.

Проевропската претседателка на земјата, Саломе Зурабишвили, вчера на брифинг најави дека нема да го прекине својот мандат, што завршува во декември, додека не се организираат нови парламентарни избори. Грузиската претседателка јасно порача дека парламентот нема легитимитет и дека нелегитимен парламент не може да избере нов претседател и затоа нема да има инаугурација.

Сподели ја оваа статија