Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер
ЗАБАВА

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Објавено February 6, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето дете.

Ова е нејзиното прво дете со нејзиниот партнер Хоаким Валенте, а според пишувањата на Пејџ Сикс, и мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето се уште не се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали ќе имаат момче или девојче.

Бундхен има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сега коментатор на FOX, Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.

Жизел и тренерот по џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година. “Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи сѐ во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека поминуваше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод”, изјави извор за странските медиуми.

Тие првпат станаа насловни страници во февруари 2022 година, кога манекенката сподели видео од тренингот со Валенте на Флорида. Подоцна истата година, тие поттикнаа гласини за врска за време на посетата на провинцијата Пунтаренас во Костарика, само две недели откако беше финализиран разводот на Жизел од НФЛ ѕвездата Том Брејди.

Во текот на следните неколку месеци, парот беше виден како излегува заедно. Меѓутоа, Жизел потоа негираше дека има романтична врска со Хоаким. „Мислам дека сите ќе ме поврзат со некого во овој момент, бидејќи сум разведена“, изјави тогаш манекенката за Vanity Fair.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена причината за фаталниот судир на „Блек Хок“ со патнички авион над Вашингтон
Следна Статија Гол маж на кејот во Охрид ги шокираше граѓаните (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски, синоќа е премиерно прикажан во Москва, во рамки…

April 19, 2025
ЗАБАВА

Овенот да не брза со носењето одлуки, Рибите да не ја префрлаат нервозата

ОВЕН Потрудете се да не донесувате избрзани одлуки, но пред се добро размислете. Обидете се да го ублажите незадоволството што…

October 14, 2024
ЗАБАВА

На 22 години ги посетил сите земји на светот, во четири држави му барале доказ дека не е шпион (ФОТО)

Американецот Инди Нелсон тргна на големо патување како 22-годишник. Во рок од 18 месеци, тој ја посети секоја земја во…

October 5, 2024
ЗАБАВА

Најпознатиот инфлуенсер на светот, е уапсен и протеран од САД – се знае зошто (ВИДЕО)

Речиси 163 милиони луѓе го следат инфлуенсерот Каби Ламе на платформата, повеќе од кој било друг. Сега Италијанецот ги чувствува ефектите…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?