Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок
ХРОНИКА

Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок

Објавено October 17, 2024 16:58
Сподели
Сподели

Во Министерството за правда денеска се отвори канцеларијата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Отворањето на канцеларијата доаѓа 17 месеци откако стапи на сила Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство кој е донесен кон крајот на 2022 година, а почна да се применува во мај 2023 година. Комисијата како независен правен субјект е формирана во февруари годинава.

Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи – рече министерот за правда Игор Филков.

– Согласно националната стратегија на РСМ за борба против тероризмот и акцискиот план предвидено беше компензација на жртвите од кривично дело со насилство. Истото беше предвидено и во Стратегијата за реформи во правосудниот систем во периодот од 2017 до 2022 година и истиот се имплементираше во домашното законодавство со носење на Законот за паричен надоместок. Согласно овој Закон се уредуваат сите прашања во врска со условите, постапката, начинот на обезбедување на парични средства за исплата на жртвите од кривично дело насилство, регулиран е составот, изборот, мандатот на членовите на Комисијата како и нивната надлежности и сите други прашања – рече претседателката на Комисијата, Цветанка Периќ.

Во претходниот период Министерството за правда презеде активности од административно – технички и од правен карактер со цел да отпочне со работа Комисијата и очекувањата се дека во наредната седмица веќе ќе има резултати.

Согласно Законот, право на паричен надоместок имаат жртви кои се македонски државјани, но и странски државјани и лица без државјанство кои во времето на извршување на кривичното дело престојувале на територијата на државава. Исто така, право на надоместок имаат и жртви на трговија со луѓе и трговија со дете.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е супермесечината во Овен – најсветлата, најблиската и најголемата месечина оваа година
Следна Статија Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Палчо ја сликаше Вања да прати слики на фамилијата за да бара откуп, и потоа преку перница веднаш испука куршум во неа“, сведочи Манев

Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа…

March 12, 2025
ХРОНИКА

Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ. Веста за неговата…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Апелација денеска го осуди Васил Јованов со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело на трговија со дрога

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Осуденик пронајден починат во Затворот Штип

На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип е пријавено дека во една од собите на Казнено-поправната установа – Затвор…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?