Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни
МАКЕДОНИЈА

Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни

Објавено November 7, 2024 23:20
Сподели
Сподели

Поради пренатрупаност во затворот „Идризово“, додека еден спие, другиот треба да седи буден и да чека ред бидејќи креветот го делат двајца затвореници, рече народниот правобранител Насер Зибери во гостување на тв 21. Рече дека состојбата е алармантна во затворот „Идризово“ и како што вели условите се бедни и нечовечни.

„Има ќелии за затвореници од само 1 метар кубен простор, има ќелии каде еден кревет го делат двајца затвореници, имаме дел од затворениците кои спијат по ходниците, имаме ќелии каде 50 затвореници користат еден тоалет“ нотира правобранителот.

На прашање за хигиената, вели:

„Каква хигиена може да има затвореници делат ист кревет, или кревет што е ставен во ходникот на бетон, или нема топла вода и греење. Загрижувачки е фактот што околу 80% од 17 затвори колку што ги има во земјава, немаат лекар психијатар, општ лекар и нема процес на ресоцијализација“.

Зибери вели дека земјава треба да преземе итно мерки за подобрување на условите во правец на проширување на капацитетите, за здравствена грижа, но и за проширување на човечките капацитети и за администрацијата.

„Да не зборуваме за внесувањето на недозволени предмети во затворите, како што се дрога, средства за комуникација итн. Состојбата во затворите во Македонија е многу тешка да не речам алармантна. Меѓународните стандарди велат дека еден чувар треба да се грижи за 15 затвореници, а знаете како е во Идризово, за 50 затвореници се грижи еден чувар. Така произлегуваат и други проблеми, напади од страна на затворениците врз чуварите и се става под знак прашалник безбедноста на самите чувари“ порача Зибери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Плевнелиев: Бугарија потона во популизам
Следна Статија Доделени околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Го празнуваме Меѓународниот ден на жената

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк…

March 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Свадба во струмичкиот затвор

Во КПУ Затворот Струмица денес се реализираше значаен и хуман настан – законска регистрација на осудено лице кое моментално издржува…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ - Западен…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?