Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата
ЗАБАВА

Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата

Објавено December 18, 2024 16:45
Сподели
Сподели

Општина Битола соопшти дека програмата на „Зимска приказна“ е јавно достапна до љубители на новогодишната магија. „Зимска приказна“ трае од 20 декември до 6 јануари и е манифестација која општината ја реализира четврта година по ред, а има за цел да го поттикне културниот туризам и да овозможи прекрасна предновогодишна атмосфера во Битола. Со својата разновидност, програмата е дизајнирана да ги допре сите срца – од најмалите, кои со нетрпение ја очекуваат магијата на зимата, до возрасните, кои ќе уживаат во незаборавни моменти со своите најмили. Битола со ова станува пример како се слави духот на празниците со радост и културна елеганција.

Отворањето е овој петок – 20 декември во 17:30 ч. со Дефилето на Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола, почнувајќи од Офицерскиот дом до Плоштадот „Магнолија“, а ќе следи и отворање на лизгалиштето со настап на ЗГ Танцов спортски клуб „Експоуз“ со „Танцот на снегулките“. Преостанатите денови, Битолчани и сите уживатели ќе уживаат во различни музички настапи и концерти, фестивали, забави, базари, сценски настапи и изведби и сл.

Програмата ја крастат уметници како Андријана Јаневска, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, а и младите претставници на Македонија на „Детска Евровизија 2024“, Ана Ванчовска и Алексеј Ивановски. Покрај нив, во раскошната програма се вклучени разни локални групи од различен уметнички карактер, а оваа програма ќе заврши со испраќањето на Бадниковите Поворки на 6 јануари.

Од општината споделуваат дека покрај своите Битолчани, разновидната програма и предновогодишниот дух би требало да ги привлечат и жителите на околните градови, со што градот ќе се претвори ќе заличи навистинска зимска бајка и центар на новогодишната магија.Секој настан е внимателно осмислен за да донесе топлина и магија на градските улици, трансформирајќи ги во сцени од бајка кои поттикнуваат насмевки, заедништво и радост кај сите посетители.

​Оваа иницијатива е вистинска зимска бајка која ги зближува семејствата и ги радува најмалите со искрена радост и топлина. Општината создава посебна предновогодишна атмосфера каде што љубовта, заедништвото и празничниот дух се во центарот на вниманието. Со активности за сите генерации, ова претставува можност да се споделат убави моменти, да се создадат спомени и да се почувствува магијата на празниците. Манифестацијата зрачи со топлина и го носи предновогодишниот сјај на секое семејство.

​Програмата може да ја најдете на следниот линк: https://online.fliphtml5.com/yaixg/qhnq/. Уживајте во новогодишното расположение!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска
Следна Статија Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Хороскопски знаци кои не функционираат заедно

Некои хороскопски знаци се едноставно како оган и вода – различни во сè, со мали шанси за хармонија. Додека астрологијата…

January 26, 2025
ЗАБАВА

Нивниот ум работи како швајцарски часовник: Ова се 3-те најпаметни знаци во хороскопот

Овие 3 хороскопски знаци се издвојуваат по својата посебна интелигенција, пренесува n1info.rs. Близнаците брзо учат и се прилагодливи на различни…

November 1, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Северина пееше пред 55.000 луѓе во Сараево

Северина пееше во Сараево на дочекот на новата 2025 година. За време на нејзиниот настап, таа ја исполни една од…

January 2, 2025
ЗАБАВА

Тејлор Свифт му подари 100.000 долари на вработен, кој работел на нејзината турнеја

Ако некогаш сте се запрашале колку би можеле да заработите како помошен работник на турнејата Eras на мегаѕвездата Тејлор Свифт,…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?