Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција
СПОРТ

Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција

Објавено November 8, 2024 16:10
Сподели
Сподели

Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина, откако во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска, јави дописничката на МИА од Атина.

Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.

Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.

Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, а завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

Македонската репрезентација учествуваше со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.

Ашкилов не успеа да се пласира во полуфиналето, откако поради повреда докторот не му дозволи да го продолжи натпреварот во втората рунда, додека во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
Следна Статија Британскиот министер за надворешни работи: Трамп е великодушен, ми понуди уште една порција пилешко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

Данскиот судија Јеспер Мадсен вчера се онесвести на паркетот во „Веспрем Арена“ во Унгарија, во тек на мечот од Лигата…

February 21, 2025
СПОРТ

Италијанските медиуми го селат Димитријевиќ во Партизан

Нов преоден рок, нова статија во италијанските медиуми за потенцијалната соработка помеѓу Ненад Димитријевиќ и кошаркарскиот клуб Партизан. Минатото лето…

May 31, 2025
СПОРТ

Дејан Недев е европски вицешампион во кати

Македонското карате повторно блеска на европската сцена! Нашата спортска легенда и еден од најискусните репрезентативци, Дејан Недев, на 24 Октомври…

October 25, 2025
СПОРТ

(Видео) Шокантен пораз на Лејкерси во Чикаго – Испуштија предност од пет поени за само 13 секунди

Кошаркарите на Чикаго Булс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 119:117 со чудесен пресврт во последните секунди од натпреварот и…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?