Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто некои забрзано стареат?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Зошто некои забрзано стареат?
ЗДРАВЈЕ

Зошто некои забрзано стареат?

Објавено November 26, 2024 20:50
Сподели
Сподели

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени периоди се случува „со залет“, т.е. забрзано. Некои од признаците за тоа се брчките, особено по 40-та година од животот.

Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд открива дека човекот најмногу старее на возраст од 44 до 60 години и овие промени потоа се видливи на неговото лице. Со проулчување 135.000 молекули и микроби, на пр., кај 108 испитаници на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам.

Во проучувањата беа опфатени различни видови молекули, како што се РНК, протеини, липиди и микробиоми во цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човековото тело во два периоди од животот има значителна промена во количината на молекули.

Според наводите, ентропијата – т.е. бавниот и неизбежен процес на стареење може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства. Сѐ тоа помага во начинот и брзината на стареењето. Познатиот гастроентеролог, д-р Вил Булсиевиќ сподели уште неколку совети со коишто „ѝ се пркоси“ на доцната возраст.

– Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето, нагласи тој.

Според Булсиевиќ, и храната богата со растителни влакна – овошје, зеленчук, грав и семиња ни дава енергија, па со тоа нѐ прави сити и долговечни. Истражувањата се согласуваат дека овие намирници навистина носат помала опасност од срцеви заболувања, рак и други вообичаени чести причини за смрт.

Исто така, препорачливо е да се избегнува алкохол, како помалку користење телефон, компјутер и телевизор, оти времето минато пред екран може негативно да влијае и на квалитетот на сонот, стрес и депресија. На сметка на тоа, повторно се препорачува директен контакт со луѓе.

Истражувањата покажуваат дека осаменоста ја зголемува опасноста од деменција за речиси 31 отсто.

Добриот сон го поддржува имунитетот, здравјето на срцето, кожата и нивото на енергија. Недостатокот на сон, пак, од друга страна, негативно да влијае на помнењето и продуктивноста

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Слатки маки за Ирците: Како да потрошат 14 милијарди евра неочекуван данок од Епл?
Следна Статија Аца Лукас најави незаборавен концерт: Македонија е мој втор дом,

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

Како на време да се открие рак на дојка или на грло на матка за да има шанси да се…

July 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу се сретна со Кедев: Сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Сапорт Кочани“ со нова донација за повредените од Кочани

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Вредноста на…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?