Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа
БАЛКАН

Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа

Објавено June 10, 2026 19:05
Сподели
Сподели

Авион на компанијата „Рајанер“ на летот од Лондон до Осиек поминал околу 20 минути кружејќи на небото над Славонија, откако се појавил проблем со неговиот прием на аеродромот, пренесуваат хрватските медиуми. Како причина за овој несреќен инцидент се посочува доцнењето на вработен во Хрватската контрола на летање (HKZP), кој не стигнал навреме да ја започне својата смена.

Проблемот предизвикал сериозен застој во воздушниот простор, при што екипажот морал да ги примени вонредните процедури пред да добие дозвола да се приземји.

„За време на приемот на летот, имало кратко доцнење, но откако бил забележан проблемот, биле следени пропишаните процедури“, а авионот безбедно слетал на аеродромот во Осиек (OSI), објавува „Јутарњи лист“.

Според локалните медиуми, ситуацијата била дотолку сериозна што во еден момент била разгледувана и можноста за пренасочување на летот кон Будимпешта доколку не се воспостави комуникација. Од Хрватската контрола на летање тврдат дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

„Прелиминарната внатрешна проверка утврди дека причина за инцидентот е небрежност на поединечен вработен, имено неговото ненавремено пристигнување на смена“, сообшти Хрватската контрола на летање, додавајќи дека против вработениот ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Податоците од јавните сервиси за следење на летови покажуваат дека авионот Боинг 737-800, кој во конфигурацијата на оваа компанија превезува до 189 патници, направил два круга во зоната на чекање на висина од околу 3.350 мери, по што слетал со минимално задоцнување.

Овој пропуст се случува во исклучително предизвикувачки период за аеродромот во Осиек. По прекинувањето на државната програма за субвенционирани домашни линии (PSO), аеродромот остана без летовите на „Trade Air“ кои сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупниот број патници во 2025 година. Во моментов таму се работи на инфраструктурен проект за проширување на патничкиот терминал вреден 14,3 милиони евра.

Хрватската јавност потсетува дека сличен инцидент со контролата на летање се случил и во 2008 година, кога авион со хрватската фудбалска репрезентација морал да го прекине слетувањето во Загреб бидејќи дежурниот контролор на кулата едноставно заспал на работното место и не одговарал на повиците на пилотите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова од Софија: Процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми
Следна Статија И Гејтс не знаел за злосторствата на Епстин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Се бара максимална казна за родителите на монструмот Коста, еве колку време можат да поминат во затвор

Завршни зборови беа дадени денес, во постапката против Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец Коста, кое…

December 20, 2024
БАЛКАН

Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“

Меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ оваа година ја добија 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти, со…

May 16, 2025
БАЛКАН

Трифонов ја навреди македонската претседателка затоа што знае Англиски јазик

Бугарскиот тв водител Слави Трифонов ја навреди македонската претседателка нарекувајќи ја северномакедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова затоа што ги ги натерала…

June 14, 2026
БАЛКАН

Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на „Експо 2027“, се гледаме наскоро!

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поканата да присуствува на специјализираната изложба…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?