Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“

Објавено March 26, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“ со стабилен изглед.

Во извештајот се посочува дека курсот на домашната валута и натаму е стабилен. Според проекциите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, девизните резерви покриваат 4,3 месеци од увозот проектиран за 2025 − 2026 година, што ја поддржува стабилноста на фиксниот курс на денарот во однос на еврото. Дефицитот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, додека приливите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во изминатите седумнаесет години. „Фич“ оценува дека овој извор на финансирање и во следниот период ќе биде соодветен за понатамошно покривање на дефицитот на тековната сметка.

Во однос на банкарскиот сектор, „Фич“ оценува дека тој и натаму е стабилен и профитабилен. Банкарскиот систем е добро капитализиран, високо ликвиден и со квалитетно кредитно портфолио, при што нефункционалните кредити изнесуваат само 2,9%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Интерпол наскоро распишува потерница за Милорад Додик?
Следна Статија Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоскa: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата…

November 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се продаде прилепската фабрика Еурокомпозит

За 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ кој е и последен на листата на…

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени

По повод празникот Св. Трифун, кој традиционално се смета за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик-претседателот…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?