Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се продаде прилепската фабрика Еурокомпозит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се продаде прилепската фабрика Еурокомпозит
ЕКОНОМИЈА

Се продаде прилепската фабрика Еурокомпозит

Објавено February 7, 2026 17:52
Сподели
Сподели

За 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ кој е и последен на листата на загубари во земјава. Како инвеститори се јавија полска фирма „FHR ARMORL LOGISTIKS Sp z.o.o. и македонска компанија, „Футура мода Д&А ДООЕЛ – Скопје“. „Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај.

„Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај. Стечајниот судија во прилепскиот суд Јасмина Шишковска го прифати нивниот план за реорганизација на „Еурокомпозит“ со што конечно е продадена наменската фабрика. Првата рата доверителите веќе ја добија.

– Сумата од 4 милиони и 200 000 евра е всушност 65 проценти од вкупните побарувања на доверителите. Тие се согласија со понудената сума и со планот за реорганизација на фабриката. Инвеститорот парите ќе ги уплаќа на 4 рати на крајот на секоја наредна година. Првата рата од еден милион евра веќе им е исплатена на доверителите кон крајот на декември. До целосно исплаќање на парите, новите инвеститори се корисници, а тогаш ќе бидат и целосни сопственици на фабриката, објаснува стечајниот судија Шишковска.

Меѓу доверителите се Стопанска банка од Битола како најголем зашто имотот беше под хипотека во банката, потоа УЈП, МВР, Министерството за одбрана, а доверители се и поранешните вработени кон кои фабриката имаше недоисплатени обврски.

Според планот, ќе се ангажираат од 150 до 200 работници. Веќе се преземени и првите чекори со промени на инсталации во Фабриката. Поранешните вработени се малку скептични, но ќе се чека на рестартирањето.

Фабриката не е баш во многу добра состојба сега. Откако отиде во стечај многу работи, велат, ги нема. Наводно, новите сопственици почнале да ја менуваат инсталацијата на водата, струјата, има веќе и ангажирани наши поранешни вработени. Неофицијално се говори дека ќе се произведуваат панцири, шлемови, а и дронови. Но, времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите и како конечно ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија, едиствен во Македонија, вели поранешниот вработен во „Еурокомпозит“, Цветан Бунтески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски по изборот во ИК: Силна и стабилна партија е предуслов за силна држава
Следна Статија Шуга меѓу војници во касарната во Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јагнешкото годинава луксуз – колку чини празничната трпеза овој Велигден?

Традиционално за велегденската трпеза по долгиот пост семејството се собира на ручек на кој вообичаено се готви јагнешко месо,Но традицијата…

April 19, 2025

Преуредете го вашето работно место со 60$ попуст на Anker Prime станица за докување

Поврзете до три монитори одеднаш и зголемете ја вашата продуктивност

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денес одржи прес-конференција на тема: „Проекти кои произлегуваат од договoрите со Обединетото Кралство”. -Покрај…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

НБРМ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2024…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?