Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната
ХРОНИКА

Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

Објавено May 9, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Сите знаеме, посочи тој, на кој начин се случи настанот во кој загина младата Фросина и од таа причина ние побаравме да се изрече највисоката предвидена санкција која законодавецот не случајно ја предвидел во Законот.

-Доколку се изрече највисоката предвидена санкција тоа ќе биде единствената правда, задоволителна правда, за младиот изгубен живот на Фросина Кулакова, и исто така би било превенција за во иднина да не бидеме веќе сведоци на вакви немили настани и злодела, изјави Ал Блана.

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова, изрази надеж дека судот ќе покаже оти законите имаат душа и правдата има лице.

-Јас само се надевам после ова долго рочиште дека судот ќе покаже дека правдата има душа, дека законите имаат душа и правдата има лице, и дека животот на Фросинче нема да заврши во празнина. Се надевам дека ќе се изрече највисока казна, изјави Кулакова.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, рече дека тие како семејство се целосно исфрлени од овој случајов и дека законот е таков што родителите целосно се отфрлени и се само неми посматрачи.

-Дури иако ти убијат дете, родителие во она што значи главен случај според ваквиот закон, воопшто не се дел од предметот и немаат право да учествуваат, ниту пак право на контрола, на било што, дури ниту на увид и зависат само од добрата волја на институциите. Да, јас јавно ќе се заблагодарам за сите коишто се дел од институциите и на нивната добра волја вклучително и добрата волја на судиите, изјави Кулаков.

Кого го штити овој закон, порача Кулаков, жртвите и оштетените или обвинетите и виновниците.

-Затоа е и оваа реакција дотолку поголема, бидејќи судот е место на правдата, а не да не убедуваат дека е голема разликата меѓу право и правда. Особено, ако ти убиле дете, а не смееш ништо и ниту можеш според закон да сториш и преземеш. Ти не си дел од ова, ти си нем посматрач, никој и ништо. Само дете ти убиле, изјави Кулаков.

Според Кулаковски, ако судијката Даниела Алексовска го судеше Васил за трговија со дрога, тој ќе беше во затвор, а денеска Фросина ќе беше жива.

-Наместо Судскиот совет да ја обвини за директно одговорна особено што се служи со судски преседан и непознати за судска пракса работи само со цел да го пушти Васил на слобода, така тета судијка Даниела го овозможи убиството на Васил, оставајќи го на слобода, а уште посрамно е што Судскиот совет во најсрамен и недостоен манир ја бранат судијката Даниела, длабоко понижувајќи ја токму институцијата Судски совет, служејќи се со најдолни финти, држејќи се за формула „пази ја формата, целосно занемари ја содржината“. Токиму затоа и во целост го поддржуваме и премиерот Христијан Мицковски. Во целост кога кажа, ќе излезам и ќе протестирам пред Судски совет. Да, ние со него рамо до рамо ќе излеземе и ќе протестираме за судијката Даниела Алексовска повеќе да не биде судија, бидејќи она го овозможува убистовто на Васил, изјави Кулаков.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов, откако на судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот патријарх за признавањето на МПЦ: Eпархиите нa територијата на денешна Македонија, не ѝ припаѓале на Српската православна црква
Следна Статија (ВИДЕО) Човек со нож се закануваше по Широк Сокак, полицијата го уапси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело…

June 3, 2025
ХРОНИКА

Доктор сексуално нападнал малолетна пациентка

Вчера околу 21.20 часот во СВР Скопје малолетничка од виничко, која била згрижена во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?