Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена
ПОЛИТИКА

Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена

Објавено March 27, 2026 17:55
Сподели
Сподели

Скратена работна недела од пет на четири дена, скратено работно време за повозрасните работници, пораст на платите, до 50% поголеми пензии, прв дом за млади до 35 годишна возраст без данок на промет, намалување на данокот на чесниот труд, а оданочување на луксузот, 10 илјади евра за секој што ќе одлучи да се врати од странство да живее дома, објави Телма.

Ова се само дел од мерките, предвидени во новата програма на СДСМ, што претседателот на партијата ја промовираше денеска. Програмата ќе биде ставена на широка дебата, па Филипче ги повика сите што сакаат да дадат сугестии, да го сторат тоа. Во програмата, која ќе треба да биде усвоена на партискиот Конгрес, се ветува и енергетска автономија, нов пристап во индустриската државна политика, челична безбедност и нула корупција.

„Правдата во Македонија е заробена од корумпираните центри на моќ кои преку системска ерозија на институциите го приватизираат јавното добро. Наместо владеење на правото, на сцена имаме институционална несигурност која ги дестимулира стратешките инвестиции и создава економски амбиент со висок ризик. Предвидуваме нова архитектура на институционална отпорност, каде борбата против корупцијата не зависи од нечија добра волја, туку од системски поставен „имунолошки одговор“ на државата“, рече Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Филипче упати и бројни критики за злоупотреби во јавните претпријатија, за „инфлација на алчноста“ и несоодветно справување со енергетската криза и поскапувањето на храната. Повторно повика, владата да ги прифати нивните мерки за намалување на акцизата на горивата, на патарините и на ДДВ-то.

Премиерот му одговори дека е логично како опозиција да критикува и да мисли дека ако навредува, лаже и клевети ќе привлече поголемо внимание, но дека тоа му е погрешна стратегија и резултатот ќе го види на следните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат
Следна Статија Министерот кажа, но не откри кои доктори земале и повеќе од 10 000 евра плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Ивановски: Јас сум во СДСМ од 1994 година, не може Филипче да ме исклучи

Игор Ивановски, кој е од од онаа група за реформи во СДСМ му порача да не врши притисок врз оние…

July 4, 2026
ПОЛИТИКА

На „Фејсбук“ има лажен профил на Филипче со несоодветни содржини, алармираат од СДСМ

Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да…

January 15, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?