Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат

Објавено March 27, 2026 17:25
Сподели
Сподели

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум…

– Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично намалување сè уште не постои бидејќи има несигурност и сите чекаат да видат што ќе се случи. Ситуацијата е флуидна, но не можам да кажам директно дали и во колкав обем ќе има влијание со нашите клиенти,- изјави денеска Виктор Мизо, претседател на Советот на странските инвеститори.

Кризата, вели Мизо, ги погодува сите, без разлика каде се наоѓаат. Она што треба да се направи, додава тој, е да се искористи моментот и да се најдат можности да се биде поконкурентен од сестринските фирми.

– Ова е глобален проблем. Не е важно дали сме лоцирани во Македонија или нашиот конкурент е лоциран во која било друга држава, така што зголемените трошоци за енергенти, петрохемиски материјали или репроматеријали ќе се рефлектираат на ист начин. Ова значи ќе биде погодена индустријата глобално и потенцијалното намалување на побарувачка ќе се одрази на сите места и потоа можеби ние на кој начин можеме да ја креираме можноста да бидеме поконкурентни од нашите сестрински компании во Европа и намалувањето во Македонија да биде помало отколку на друга алтернативна локација. Секоја криза треба да се земе предвид, дури и ако помалку се намалите од вашата конкуренција, пак сте подобри – вели Мизо.

Само во деновите од блокадата на транспортерите, транспортните трошоци на странските компании, како што посочи Мизо, се движеле од неколку илјади евра до неколку миилиони евра од компанија поради тоа што некои од компаните морало да се снаоѓаат и со авионски летови да ги пренесуваат своите производи.

– Компаниите ќе ви кажат – ако не можете да ги проголтате тие трошоци, најдете алтернативна локација за производство, која не е лоцирана во Западен Балкан. Ако кој било од нас треба да го однесе производството во која било од нашите сестрински компании во Европската Унија, тоа значи дека нема повторно да се врати, така што тоа е ризик – нагласува Мизо

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност и економски напредок
Следна Статија Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: До почетокот на туристичката сезона ќе биде готов патниот правец од Охрид до Свети Наум

Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за…

November 24, 2024

Интел добива унапредување на акциите пред извештајот за заработувачка поради јачината на серверските CPUs

Интел (NASDAQ:INTC) се подготвува да го објави извештајот за четвртиот квартал во четврток, при што извештајот за заработувачка ќе биде…

January 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Расте цената на нафтата: Барелот достигна 84 ДОЛАРИ

Цените на нафтата продолжија да растат и денес, при што цената на брент нафтата надмина 84 долари за барел, под…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?