Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се намалуваат цените на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се намалуваат цените на горивата
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат цените на горивата

Објавено April 20, 2026 17:50
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.

Во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,806%, кај дизелот за 9,605%, кај екстра лесното масло за 8,205% и кај мазутот намалувањето е за 6,515%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 ден/кг и сега ќе изнесува 46,288 ден/кг.

Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијата Ристов лично ги заѕидал 350.000 евра
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нето-платата во јуни 45 468 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повик на Варш за договор помеѓу Федералните резерви и Трезорот предизвика дискусија на обврзничкиот пазар

Кевин Варш понуди повеќе идеи за тоа како би раководел со Федералните резерви за време на својата кампања за позицијата…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 50 работници од конфекција останаа без работа и плата – сопствениците исчезнале додека биле на колективен

Повеќе од 50 работници од штипска конфекција денеска останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работните места по…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?