Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

Објавено April 20, 2026 18:08
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции.

Во одговор на новинарско прашање Сиљановска-Давкова денеска посочи дека со Радев како поранешен претседател не се согласувале за многу работи но оти умеат да се сослушаат со почит и да заклучат дека бараат решение. Наведе и дека „кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија“.

– Јас го очекував овој резултат. На сите во Бугарија им беше познат високиот рејтинг на довчерашниот претседател на Бугарија, Румен Радев, и некако само тој беше стабилен елемент во поделбата на власта, сè друго беше варијабила и релативно. Мислам дека бугарските граѓани се изморени од нестабилни влади, кои постојано се менуваат, и веројатно затоа му ја дадоа довербата на новоформираната партија на господинот Радев. Мнозинството е такво што може сам да формира влада, но веројатно, заради потребата од двотретинско мнозинство, ќе коалицира со партиите кои ги посочи како можни коалициски партнери, рече Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека „друштвото околу Радев, со исклучок на првиот коалициски партнер, е главно десно ориентирано“.

Претседателката оцени дека честите промени на владите во Бугарија во изминатиот период за нас како држава беа отежнувачка околност иако, истакна, сите премиери се повикуваа на изгласаните документи во бугарскиот Парламент.

– Резултатот е очекуван. Зошто? За да видиме треба дали ќе опстои после многу падови, подолго една бугарска влада и претходниот период беше како во Третата и Четвртата Француска Република, кога на неколку месеци се менуваа владите. Тоа беше отежнувачка околност во поглед на градењето односи со нас, иако сите знаеме дека сите премиери секогаш се повикувале на одлуките, декларациите и резолуциите на бугарскиот Парламент кога е во прашање политиката кон нас. Што можам јас да кажам — сум го запознала господинот Радев, многу пати сум го сретнала, не се согласуваме за многу работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека бараме решение, рече Сиљановска-Давкова.

Сега, посочи, тој е таму. Ефективната власт во Бугарија е лоцирана кај владата, кај бившиот претседател односно идниот премиер, кому сигурно ќе му биде доделен најпрвин мандат за состав на влада. Тоа остава простор за разговори.

– Она што е ново е драматичната состојба во светот, во амбиент на драматично сменет меѓународен поредок безбедноста добива на тежина, важноста, говорам за важоста на ЕУ, говорам за опасноста и потребата од градење отпорност кон можни фактори и актери на Бaлканот. Да потсетам, Балканот секогаш бил зона за тестирање на односите на големите сили, лакмус, тоа сигурно ќе биде и сега и јас очекувам третирање на проширувањето не само низ призма на поголема ЕУ, компетитивна на глобалната политичка сцена туку и поголема безбедност. Ние имаме 100 проценти усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ и повеќе држави на Балканот – Црна Гора и Албанија, како први во овој процес и очекувам да се видиме, да разговараме, се разбира со двете знамиња, и да трагаме по ново решение, рече Сиљановска-Давкова.

Бугарија, оцени таа, добива премиер кој ужива голема поддршка, кој има долго искуство и почит на голем број граѓани и се надевам првин дека тоа ќе го искористи во најдобра можна мерка за надминување на проблемите со кои се соочува Бугарија кои се таложеа низ честите промени на владите. – Тоа од една страна го прави многу силен, но од друга кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во изјава по спорстки настан како дел од заложбите за развој и примена на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се намалуваат цените на горивата
Следна Статија Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сите куќни работи направете ги денес: Утре е голем празник, а ова никако не треба да го правите!

Утре, 21 мај, Македонската православна црква и нејзините верници го одбележуваат споменот на Свети Јован Богослов . Свети Јован Богослов…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Прво треба да има судска пресуда, па Собранието да почне постапка за разрешување на Димитровска

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани. Понатаму што прават, ниту…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Амбасадата на САД во Македонија: Илинден е камен-темелник на македонската историјата

Амбасадата на САД во Македонија вчера имаше свои претставници на речиси сите локации каде се слави Илинден, а испратија и…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?