Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Јас можам да биде сè само не анти-Албанец, политичарите сакаат квази-правна држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Јас можам да биде сè само не анти-Албанец, политичарите сакаат квази-правна држава
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Јас можам да биде сè само не анти-Албанец, политичарите сакаат квази-правна држава

Објавено June 25, 2026 15:38
Сподели
Сподели

Сакам граѓаните да знаат дека политичарите многу често манипулираат и лажат со многу наши одлуки и тоа безобзирно. Оваа одлука, како и многу други што сме ги донеле како за Балансерот, Кривичниот законик, солидарниот данок…отвораат круцијално прашање каква држава сакаме да изградиме“, рече првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски откако Уставниот суд ја укина Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот.

Со Одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 беа сменети имињата на повеќе улици и на градскиот плоштад во Тетово. Така главниот булевар и плоштадот, кои го носеа името „Маршал Тито“ беа преименувани во булевар и плоштад „Илирија“, улицата „ЈНА“ стана „Дервиш Цара“, улицата „29 Ноември“ во „Мехмет Паша Дерала“ и уште неколку други улици добија нови имиња.

Костадиновски во „Тема на денот“ објасни дека во квази-правна држава, политиката е над се и над Устаавот, а политичарите одлучуваат за правата на граѓаните.

-Ние сакаме да живееме во отпор на таквите тенденции, а тие тенденции ги гледаме ако ги погледнете квалификациите за одлуката. „Црн ден за Албанците“, „Сме ги рушеле постулатите на Рамковниот договор“…Ако Уставниот суд низ етничка призма дозволеше ваква одлука, која е чисто правна…Замислете ние да погледневме низ прсти, тогаш ќе имавме 80 општини во државата. Тогаш не треба согласност ниту за ДУП, ниту за преименување…Тоа е правна анархија, додаде претседателот на Уставниот суд.

Запрашан за обвинувањата кај дел од партиите од албанскиот блок дека е „антиалбански настроен“, Костадиновски рече дека е имун на критиките и дека страничните удари не допирааат до него.

-Јас можам да биде сè, само не анти-Албанец. Тоа што на некои политичари им смета влаадеењето на праавото, а устите им се полни со европски стандарди и вредности… Така е до пладне, а попладне тераат на балкански начин. Ние 35 години се вртиме во кругот на таа квази-правна држава. Политичарите сакаат да одлучувааат за нашите права, додаде првиот човек на Уставниот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови
Следна Статија РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извлечени неколку лица кои беа заглавени во Лазарополе

Седумте лица заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на терен: Патиштата проодни, снегот редовно се чисти

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?