Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)

Објавено June 23, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Италијанскиот оперски тенор Андреа Бочели и тенисерот број еден во светот – Јаник Синер го објавија својот прв дует насловен „Polvere e Gloria“ („Прашина и слава“).

Бочели и Синер споделија промоција на песната на Инстаграм, со снимки од детството на пејачот и тенисерот, како и понови снимки, на кои се гледа како Синер држи рекет и тениско топче пред пијано во домот на Бочели во Тоскана.

Песната, која е на италијански и англиски јазик, ги содржи и мотивациските говори на Синер, во кои тој и кажува на публиката да „бидат тоа што се“.

„Секој живот е потенцијално уметничко дело – секој од нас ја носи слатката одговорност да ги негува своите таленти во секојдневните акробации на животот, следејќи ги своите соништа, а воедно останувајќи цврсто верни на своите вредности“, рекоа Бочели и Синер во заедничка објава на Инстаграм.

Тие нагласија дека овој дует произлегол од нивната „заедничка и непоколеблива“ желба ништо да не биде невозможно.

Тројниот шампион на Гренд слем турнирите нагласи дека е почестен што е дел од проектот со Бочели, за кого рече дека има „уникатен и извонреден глас“ и ја претставува Италија во светот, пренесува Ројтерс.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни. Тоа е исклучително трогателно“, додаде 23-годишниот ас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал
Следна Статија Нетанјаху: Блиску сме до остварување на своите цели во Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Вашиот тревник ќе изгледа како тепих: Една кујнска состојка помага тревата да биде погуста и позелена

За да направите вашиот тревник да изгледа совршено, користете нешто што го имате во кујната. Проблемите со тревниците, како што…

April 20, 2025
ЗАБАВА

Кој е човекот кој личи на принцот Хари на кралскиот божиќен концерт? Сличноста е неверојатна

За време на божиќниот концерт што го подготви принцезата Кејт Мидлтон, присутните забележаа човек кој има неверојатна сличност со несаканиот…

December 25, 2024
ЗАБАВА

Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора”

Американската Академија за филмски уметности и науки утрово ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во…

March 3, 2025
ЗАБАВА

Метроид Прајм 4 – Дизајн кој предизвикува дискусии

Новиот видео-игра презентира интригантни архитектонски елементи во дизајнот

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?