Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
СВЕТ

Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент

Објавено October 30, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Камала Харис, е намалена на еден процент во однос на републиканскиот ривал Доналд Трамп и сега има 44 отсто поддршка наспроти 43 отсто поддршка за Трамп, според анкета на Ројтерс/Ипсос објавена вчера.

На прашањето кој од двајцата кандидати има подобар пристап кон економијата, невработеноста и работните места, 47 отсто од гласачите го избрале Трамп, додека 37 отсто го кажале истото за Харис.

Околу 48 отсто од гласачите во ова истражување изјавиле дека го поддржуваат пристапот на Трамп кон имиграциската политика, додека нешто повеќе од 33 отсто од испитаниците се согласуваат со Харис за ова прашање.

Околу 40 отсто од гласачите во анкетата рекоа дека Камала Харис има подобар пристап во справувањето со политичкиот екстремизам и заканите по демократијата, во споредба со 38 отсто од оние кои го избраа Трамп.

Во претходното истражување таа водеше со седум процентни поени во споредба со Трамп кога станува збор за екстремизмот.

Оваа анкета, во која беа опфатени 1.150 возрасни Американци, меѓу кои и 975 регистрирани гласачи, покажа дека Доналд Трамп има значителна предност пред Харис за неколку прашања кои гласачите ги сметаат за клучни, пишува Ројтерс.

Изборните гласови во седум клучни држави, вклучувајќи ги Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Невада и Аризона, се очекува да го одлучат исходот од изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо трагичар на Ал Наср: Промаши пенал во 96. минута
Следна Статија „Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на…

December 26, 2024
СВЕТ

Кардиналите се вратија во Сикстинската капела

Сите 133 кардинали кои ја сочинуваат конклавата се вратија во Сикстинската капела откако заминаа на пауза за ручек по утринските…

May 8, 2025
СВЕТ

Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи (ВИДЕО)

Најмалку 18 лица, од кои 10 жени и три деца, загинаа, а 10 се повредени во стампедо на железничка станица…

February 16, 2025
СВЕТ

Иран објави нова карта на Ормутскиот теснец и испрати порака до Трамп

Иранските власти објавија нова карта на Ормутскиот теснец, потег што медиумите и аналитичарите го толкуваат како директна геополитичка порака до…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?