Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец
ХРОНИКА

„Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

Објавено October 30, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото.

Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
Следна Статија Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина возач- излетал од патот кај струмичко Ново Село

Денеска (05.12.2024) во 01.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија

Дваесет и четиригодишна жителка на Липково, пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од жител на таа општина…

November 26, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пукал со пиштол во домот и им се заканувал на сопругата и ќерките, полицијата го приведе

Полицијата приведе 55-годишен маж од Скопје осомничен за семејно насилство и закани со пиштол кон членови на своето семејство. Како…

March 6, 2026
ХРОНИКА

Притвореник во Битола претепал четири лица

На 13.07.2025 во 05:20 часот, во СВР Битола било пријавено дека во притворското одделение на Казнено поправната установа Затвор Битола…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?