Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент
СВЕТ

Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент

Објавено October 30, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Камала Харис, е намалена на еден процент во однос на републиканскиот ривал Доналд Трамп и сега има 44 отсто поддршка наспроти 43 отсто поддршка за Трамп, според анкета на Ројтерс/Ипсос објавена вчера.

На прашањето кој од двајцата кандидати има подобар пристап кон економијата, невработеноста и работните места, 47 отсто од гласачите го избрале Трамп, додека 37 отсто го кажале истото за Харис.

Околу 48 отсто од гласачите во ова истражување изјавиле дека го поддржуваат пристапот на Трамп кон имиграциската политика, додека нешто повеќе од 33 отсто од испитаниците се согласуваат со Харис за ова прашање.

Околу 40 отсто од гласачите во анкетата рекоа дека Камала Харис има подобар пристап во справувањето со политичкиот екстремизам и заканите по демократијата, во споредба со 38 отсто од оние кои го избраа Трамп.

Во претходното истражување таа водеше со седум процентни поени во споредба со Трамп кога станува збор за екстремизмот.

Оваа анкета, во која беа опфатени 1.150 возрасни Американци, меѓу кои и 975 регистрирани гласачи, покажа дека Доналд Трамп има значителна предност пред Харис за неколку прашања кои гласачите ги сметаат за клучни, пишува Ројтерс.

Изборните гласови во седум клучни држави, вклучувајќи ги Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Невада и Аризона, се очекува да го одлучат исходот од изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо трагичар на Ал Наср: Промаши пенал во 96. минута
Следна Статија „Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во…

August 13, 2025
СВЕТ

ФОТО: Синот на Трамп гласаше првпат, гордата мајка Меланија јавно се пофали: „Гласаше за првпат – за својот татко!“

Барон Трамп, синот на Меланија и Доналд Трамп првпат гласаше на овие претседателски избори во САД. Гордата мајка објави фотографија…

November 6, 2024
СВЕТ

Трамп до Куба: Без договор со САД, нема веќе нафта ниту пари

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа преку социјалната мрежа Truth Social упати директна порака до властите на Куба да започнат преговори…

January 11, 2026
СВЕТ

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Европскиот суд донесе одлука во врска со аферата „Фајзергејт“ за претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Пресудата би можела…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?