Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан
МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан

Објавено May 15, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта.

Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. 

Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со посетата на Скопје на претседателот на Европскиот совет, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што од другата страна не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источен сосед. Ќалам што е тоа така и се надевам дека во периодот што следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски.

Додаде дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Европската политичка заедница во Тирана.

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА во петокот, рече дека посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ и оти фактот што го посетува Западен Балкан и што доаѓа во Скопје, е доказ дека се подготвени за проширување.

Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот, рече Бримора за МИА. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Болоња го совлада Милан и по 51 година го освои пехарот во Купот на Италија (ВИДЕО)
Следна Статија Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер за Владата на премиерот Мицкоски: Тие постигнаа значителен напредок!

Тие наследија многу, многу предизвици. Дури мислам дека и претходната влада би се согласила дека проблемите се огромни и има…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец

Заразите повеќе не се само закана, Скопје го има првиот случај што го вклучува здравствениот аларм. 10 годишно дете е…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години

Од новата академска година се менуваат специјализациите по интерна медицина и по општа хирургија на медицинските факултети во Скопје, Тетово…

April 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Дипломатијата на Пендаровски со „љубави“ за надвор и „стока“ за дома е мртва

Во Америка, а осебно во светот поодамна не фигурираат ликови како Стево Пендаровски. Барем не претседатели на посериозни држави, смета…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?