Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн
СВЕТ

АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн

Објавено February 26, 2026 18:11
Сподели
Сподели

Германското разузнавање во моментов не може да ја класифицира крајно десничарската партија Алтернатива за Германија –АфД (AfD) како „докажано екстремистичка“, пресуди денеска Управниот суд во Келн, цитиран од француските медиуми, во својата пресуда со која ја поддржува антиимиграциската партија.

Како водечка опозициска сила на коалицијата на конзервативниот канцелар Фридрих Мерц, АфД како целина сè уште не претставува „главна тенденција, непријателска кон Уставот“, се наведува во судската одлука, со што се поништува класификацијата направена во 2025 година од страна на безбедносните служби.

Одлуката на германскиот суд да ја поништи класификацијата на Алтернатива за Германија како „докажано екстремистичка“ десничарска партија е „голема победа“ за партијата, „демократијата и владеењето на правото“, напиша копретседателката на партијата Алис Вајдел во објава на социјалната мрежа Икс.

Со одлуката, која ќе ја спречи германската домашна разузнавачка агенција да воведе полициски надзор врз партијата, судот во Келн, исто така, „стави кочница на фанатиците кои повикуваат на забрана“ на АфД, додаде Вајдел.

Најголемата опозициска партија во Германија се соочи со жестоки критики поради своите антиимиграциски ставови, што доведе до тоа некои од нејзините најистакнати политичари да побараат нејзина забрана, објави ДПА.

Тоа го привлече вниманието на разузнавачките агенции, кои истражуваат дали етнонационалистичките ставови на партијата претставуваат закана за слободниот, уставен поредок на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жиру ја замолкна „Маракана“, Звезда испадна
Следна Статија Во Србија уапсени седум лица осомничени за детска порнографија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп објави бизарно видео со вештачка интелигенција од апсење на Барак Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп објави бизарно видео со вештачка интелигенција на кое се гледа како поранешниот претседател Барак Обама е…

July 21, 2025
СВЕТ

Заврши Парадата на победата во Москва: Првпат претставено ново оружје

Парадата по повод Денот на победата во Москва заврши. Траеше нешто помалку од два часа, а дроновите „Лансет“ и „Геран-2“…

May 9, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Чистач на прозорци го преживеа разорниот земјотрес на работното место

Силниот земјотрес кој го погоди Бангкок остави разорни траги зад себе. Голем број видеа ги покажуваат ужасите предизвикани од силата…

March 30, 2025
СВЕТ

Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат

Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат,…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?