Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бев облеан во крв, главата ми беше надвор од авионот, сведочи Србинот кој преживеа хорор во летот на „Рајанер“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бев облеан во крв, главата ми беше надвор од авионот, сведочи Србинот кој преживеа хорор во летот на „Рајанер“
БАЛКАН

Бев облеан во крв, главата ми беше надвор од авионот, сведочи Србинот кој преживеа хорор во летот на „Рајанер“

Објавено July 22, 2026 18:58
Сподели
Сподели

Речиси две недели по драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун до Меминген, Германија, првпат јавно проговори 61-годишниот Србин Љубиша Каровиќ, кој за малку ќе загинел откако прозорецот до неговото седиште се скршил, а декомпресијата го извлекла со половина тело надвор од авионот.

Инцидентот се случил на 10 јули на летот FR1879. Според сведоштвата, неколку минути по полетувањето се слушнал силен удар, откако дел од моторот се откинал и удрил во прозорецот покрај кој седел Каровиќ.

Ударот го скршил прозорецот, а поради ненадејната декомпресија патникот бил повлечен кон отворот, при што главата и рамената му останале надвор од авионот на височина од околу 20.000 стапки. Неговата сопруга и други патници успеале да го задржат и да го извлечат назад во кабината.

Во интервју за германскиот „Билд“, Каровиќ раскажува дека во моментот на несреќата спиел.

„Заспав. По некое време ме разбуди многу гласен шум што звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен само еден момент и не можам да се сетам на останатото. Кога се освестив, имав крв насекаде, крв ми капеше од лицето и рацете. Штом ги затворам очите, ми доаѓаат слики од она што го доживеав во тие минути. Тоа е кошмар кој не можам да го објаснам со зборови“, изјавил тој.

Во несреќата се здобил со изгореници на десната рака и грбот, а десната страна од телото привремено му била парализирана. Делумно му биле оштетени и десното уво и десното око.

Каровиќ вели дека последиците не се само физички, туку и психолошки.

„Сега сè ме мачи. Ме мачи гужвата и вревата, не можам да одам по улица. Психолошки го достигнав дното. Ова има влијание и врз мојата работа и врз моето семејство. Тоа е целосно нарушување во мојот живот. Воопшто немам концентрација. Моето внимание не може да се фокусира никаде. Едноставно не функционирам правилно“, рекол тој.

Додава дека повеќе не може ниту да помисли да патува со авион.

„Дури и не помислувам да се качам на друг лет. Секој пат кога ќе слушнам авион, се вознемирувам и добивам треска. Воопшто не се чувствувам добро“, изјавил Каровиќ.

Засега не е познато дали ќе може целосно да закрепне, ниту дали ќе биде потребна дополнителна операција или долготрајна рехабилитација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
Следна Статија Родри блиску до Реал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Србија: Полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале…

April 12, 2025
БАЛКАН

Татко во Србија возел со голема брзина и излетал од патот, загина бебе

Тримесечно бебе загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата на патот Зрењанин – Лазарево во Србија. Несреќата…

March 3, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Матуранти од Задар ѝ подарија автомобил на класната

Матурантите од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар ја изненадија својата класна раководителка, подарувајќи ѝ автомобил, во знак на…

May 25, 2026
БАЛКАН

Преку „Скај“ апликацијата падна водачот на Балканскиот картел

Унгарски државјанин, водач на нарко картел кој дејствувал на Балканот, е вратен во Унгарија откако во август беше уапсен во…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?