Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати од „Безбеден град“: Тошковски ги посети полициските служби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати од „Безбеден град“: Тошковски ги посети полициските служби
МАКЕДОНИЈА

Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати од „Безбеден град“: Тошковски ги посети полициските служби

Објавено January 1, 2026 16:43
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на првиот работен од Новата година оствари работни посети на полицискиот објект на планинскиот врв Солунска глава, Главниот оперативен штаб на полицијата и Полициската станица Центар.

Во разговорот со полициските службеници на Солунска глава беа потврдени високата професионалност и посветеноста во извршувањето на службените задачи и одржување на телекомуникациските системи на МВР во функција со основна цел гаранција на безбедноста на мирот и безбедноста на секој граѓанин во државата.

На посетата во Главниот оперативен штаб на полицијата министерот Тошковски беше запознаен со севкупните настани и активности на полицијата ги презема во одржување на безбедноста како во празничниот така и на новогодишната вечер со заклучок дека новогодишната ноќ во најголем дел помина безбедно.

„Во периодот од 14:00 часот вчера до 05:00 часот денеска изутрина регистрирани се 31 кривично делo, како и 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 49 лица по разни основи, а најмногу во врска со нелегална трговија со дрога и нарушен јавен ред и мир. Тоа се бројки кои кажуваат дека огромното мнозинство граѓани се однесуваа одговорно и со тоа придонесоа за лична и заедничка безбедност. Од друга страна зголеменото присуство на полицијата на терен придонесе да имаме мал број на настани за нарушување на јавниот ред и мир.“, истакна министерот Тошковски.

При посетата на Полициската станица Центар, министерот Тошковски од раководството на СВР Скопје беше запознаен со конкретните активности за одржување на безбедноста на граѓаните во главниот град. Министерот Тошковски ги потенцираше позитивните ефекти на системот „Безбеден град“ кој и во тест фазата значително ги има намалено бројките на сообраќајни незгоди со жртви и тешки телесни повреди.

„Вкупниот број на сообраќајни незгоди којшто е настанат на територија на СВР Скопје во изминатиот месец споредено со месец декември 2024 е намален за околу 20% а вкупниот број на повредени лица во тој период е намален за 37% проценти. Жртви како последица на сообраќајни незгоди во декември 2024 имало пет на територија на Скопје, а во декември 2025 година нема ниедна и со тоа искажувам огромна благодарност на македонските граѓани што управуваат возила на жртвите што ги имаат спасено со одговорното возење и учество во сообраќајот“, потенцираше министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци
Следна Статија Заеви слават во Гармиш Партенкирхен, на гости кај газдата на „Зобек мајнинг“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пред шест децении се раѓале двојно повеќе бебиња од денеска

Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa

„Отворањето на новата поставка во Националниот археолошки музеј не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?