Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен

Објавено August 10, 2025 13:59
Сподели
Сподели

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски објави порака дека „Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“.

-Почит и слава за хероите од Љуботен. Само со вистина, почит и искрена желба за помирување можеме да изградиме општество каде вакви трагедии нема да се повторат. Нека е вечна нивната жртва за татковината. Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело, напиша претседателот на Владата на Фејсбук.

На 10 август 2001 година, на патот кон месноста Љуботенски Бачила со воено товарно возило, при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

На овој ден му се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при оружен напад врз полициска патрола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потресно сведоштво на Ванковска: Добив инструкции да одам јас да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише!
Следна Статија Убиство во Тетово, жртвата застрелана со автоматска пушка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила. –…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?