Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!
МАКЕДОНИЈА

Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!

Објавено July 6, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Анкетата на АЕК е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Најголем дел или 78,2 проценти во просек поминуваат до пет часа дневно приклучени на интернет.

Свесност за софтвер за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет, постои кај 63,5 проценти од испитаниците. Ваков софтвер имаат инсталирано 25,9 проценти од домаќинствата, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, 58,6 проценти би инсталирале. Од оние испитаници кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, 17,3 проценти знаат каде можат да најдат ваков софтвер.

Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.

Како што стои во наодите од анкетата, интернет во домаќинството користат 94,1 процент од испитаниците. Најголем дел се корисници на А1 (39,3 проценти) и Македонски Телеком (37,8 проценти), додека 12,8 проценти се корисници на интернет од Телекабел. Иако не сите испитаници имаат интернет приклучок во домот, 99,9 проценти користат интернет. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, 36,6 проценти знаат која е брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 87,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот, се наведува во резултатите.

Нешто повеќе од една четвртина или 27,4 проценти од испитаниците се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2025 година 72 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството.

– Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (19,8 проценти), прекини/недостапност на услугата (16,1 проценти), и проблеми со техничката опрема (7,9 проценти). Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 47,5 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и кај 54,7 проценти проблемот бил отстранет истиот ден, стои во клучните наоди од анкетата.

Приближно една четвртина или 24,3 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот оператор, а потполно задоволни се 40,1 процент од нив. Писмен приговор упатиле само еден процент од испитаниците, стои во резултати од анкетата на АЕК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак
Следна Статија Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител

До Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во среда е Воведение, празник кој ни открива каква ќе ни биде наредната година

Православните верници во среда ќе го честуваат Воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот. Кога Пресвета…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

Стан од 344 квадратни метри на фирмата Би-холдинг, чиј сопственик е Хана Јахоска и со проценета вредност од околу милион…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најмногу снег наврвна во Маврови Анови, најмногу дожд падна во Крушево

Врнежите од снег на планинските места ја зголемија и проширија снежната покривка особено во западниот дел од земјата. Како што…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?