Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори
МАКЕДОНИЈА

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Објавено July 6, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот за градоначалник на Градот Скопје на претстојните локални избори.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во петокот на прес-конференција изјави дека очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани се, како што вели, на историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Во коментар на неофицијални информации дека в недела на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје, а за која и тој се споменуваше, Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него.

Најдобро е да почекаме до недела, точно е, во 12 и 30 нашата партија ВМРО ДПМНЕ има закажано состанок на ИК. И очекувано е да се соопшти името за градот Скопје. Не само за Орце Ѓорѓиевски, туку и за кој било кандидат којшто ќе биде поддржан од мојата партија, пред се, тоа е огромна чест и ќе ја има мојата целосна поддршка. Не само во насока на спроведување на програмата, туку и во кампањскиот период којшто ќе не очекува во очи на локалните избори – рече Перински.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 28 мај утврди 25 кандидати за градоначалници кои ќе ја претставуваат партијата на претстојните локални избори закажани за октомври, а во средината јуни беа соопштени уште осуммина.

За нов мандат, од досега најавените, се предложени актуелните градоначалници на Битола – Тони Коњановски, Кавадарци – Митко Јанчев, Охрид – Кирил Пецаков, Велес – Марко Колев, Штип – Иван Јорданов и на Гевгелија – Андон Сарамандов. Во скопските општини со повторна кандидатура ќе настапат Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

Во првите 25 кандидати соопштени на крајот на мај се: Зоран Бајовски во Чучер-Сандево, Дејан Владев во Свети Николе, Виктор Паунов во Карбинци, Киро Нацков во Градско, Коста Маневски во Зелениково, Александар Ѓоргиевски во Илинден, Златко Ристов во Конче, Иван Гоцевски во Делчево, Ѓорге Божинов во Ново Село, Славе Андонов во Василево, Ристо Манчев во Босилово, Петар Ружински во Берово, Борче Митевски во Петровец, Спасе Кочовски во Вевчани, Јовица Илиевски во Брвеница и Димитар Костадиновски во Јегуновце.

На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 13 јуни одржана во Штип, партијата определи уште осум кандидати за градоначалници во осум општини за локалните избори: Македонски Брод – Жарко Ристески, Могила – Драганчо Саботковски, Пробиштип – Тони Тоневски, Богданци – Марјан Пеев, Демир Капија – Наталија Димитриева, Росоман – Ѓорѓи Крстевски, Новаци – Стевче Стевановски и Дебарца – Златко Силјановски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој тогаш ги соопши имињата, најави дека најголемиот број на кандидати ќе ги објават до крајот на јули, а за одредени општини ќе зависи и од договорот со партијата ЗНАМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!
Следна Статија Изгаснат пожарот во фабриката за муниција Самоков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени

Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Среде денови на жалост, на некого вечерва му дошло до огномет

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?