Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници
МАКЕДОНИЈА

Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници

Објавено April 12, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Одржувањето на безбедна и дисциплинирана средина во казнено-поправните и воспитно-поправните установи (КПУ/ВПУ) е од клучно значење за редовното функционирање на затворскиот систем, но состојбите на терен покажуваат сериозни слабости, предупредува Државниот завод за ревизија во својот последен извештај.

Во документот се нотира дека работите на обезбедувањето во затворите ги извршува затворската полиција, која според закон е посебна организациона единица. Но, проблемот започнува со тоа што правната рамка не го дефинира потребниот број на припадници на затворска полиција во однос на бројот на лица лишени од слобода. Со тоа се доведува во прашање безбедноста на установите.

Со состојба на 30 јуни 2024 година, од вкупно 1.293 систематизирани работни места, пополнети се само 744, додека бројот на лица лишени од слобода изнесува 2.712.

Соодносот е алармантен – во Затвор Струмица едно лице од затворската полиција е задолжено за дури 29 осуденици, во КПД Идризово и Затвор Битола за по 20, а во Затвор Скопје за 15. Во високоризични делови на Идризово, ревизијата евидентира дури и сооднос 1:50. што значи дека еден затворски полицаец треба да чува 50 осудени лица.

Поради недостаток на кадар, затворската полиција се соочува со екстремна прекувремена работа. Во 2023 година, за таа намена биле исплатени 23.444.000 денари. Дополнително, поради неплатени обврски и тужби за прекувремени часови, додатоци и превоз, установите исплатиле и 44.472.000 денари по основ на главен долг, 7.953.000 денари за камати, и 65.279.000 денари за судски и извршителски трошоци.

Сето ова сериозно го нарушува физичкото и оперативно обезбедување во затворите и ја компромитира способноста за справување со високоризични ситуации.

Дополнителен проблем е начинот на вработување. Ревизијата утврди дека при прием на нови припадници на затворската полиција не се проверуваат психофизичките способности, иако тоа е предвидено со правилник. Не се спроведуваат ниту безбедносни проверки, со што постои реален ризик од вработување на лица со потенцијален безбедносен ризик.

Непочитувањето на предвидените постапки значи дека нововработените често немаат потребни квалификации и компетенции за ефикасно справување со предизвиците во затворите.

Како чекор напред, во ноември 2024 година, директорот на Управата за извршување санкции донел Правилник за формирање и работа на единици за интервенции. Засега, ваква единица е формирана само во КПД Идризово, како дел од мерките преземени по прогласувањето на кризна состојба во јуни 2023 година.

Овие единици се одговорни за справување со побуни, бегства, пожари, тепачки, и други вонредни ситуации. Формирањето вакви единици, според ревизорите, претставува важен чекор кон зајакнување на општата безбедност, но потребно е тие да бидат системски имплементирани и во другите установи.

Извештајот уште еднаш ја потврдува загрижувачката состојба во македонските затвори. Недостатокот од кадар, нерегуларностите во вработувањето и непочитувањето на законските процедури станаа секојдневие, додека институциите сè уште не успеваат да го решат овој сериозен системски проблем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта
Следна Статија Тонали и Фаџоли повторно под истрага поради нелегално обложување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадорот кој гласаше за промена на името се враќа дома, повлечена и Руси од Бугарија

Доколку одлуката на Законодавно-правната комисија помине и на собраниска седница, амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево,…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ,…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измен

Премиерот Христијан Мицкоски денес при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?