Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“
ПОЛИТИКА

Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“

Објавено July 10, 2026 13:43
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа.

Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“.

Во соопштението се наведува дека „нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек“.

ВМРО-ДПМНЕ упати и остри критики кон Битиќи, оценувајќи дека тој „ја гради својата политичка кариера врз етничката припадност“ и дека, како поранешен министер за економија, бил дел од „неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС“.

Реакцијата следува по вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот. Според видеото од седницата, Битиќи, обраќајќи им се на министерката за финансии и на заменик-министерот за финансии, изјавил:

„Бездната во која што пропаѓате е многу длабока, имате уште да идете надолу. Во тоа ве смести сметководителката и професорот.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се скршил прозорец од авион над македонското небо (ВИДЕО)
Следна Статија Сабаленка се „лечи“ на Миконос (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Целата македонска јавност го виде вистинското лице на Апасиев, напиша Мицевски

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гнасно ко*иле, смрт за вас: Тешки навреди кон новинарот Видиновски по видеото за хаосот пред Бугарската амбасада

Асномски ко*пилиња, Македонија е наша што сакаме ќе правиме, Смрт за вас. Ова се дел од тешките навреди и закани…

February 3, 2026
ПОЛИТИКА

Спасовски понудил оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ

Уште една потврда дека врие во СДСМ по катастрофалниот дебакл на локалните избори. Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

Дрин Ахмети контра Вреди: Не возел „Ролс Ројс“ низ Кичево

Во денот кога Јавното обвинителство објави дека бил повикан да даде исказ, Дрин Ахмети наместо да даде образложение тој се…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?