Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен

Објавено May 16, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда евра што не е мала ставка знаејќи каков ни беше Буџетот, рече Божиновска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Националниот самит за дигитална енергетска и безбедна критична инфраструктура.

Нагласи дека уште во декември е формирана работна група за Чебрен под координација на Министерството која веќе имаше неколку состаноци.

Проектите за Чебрен кои се во ЕСМ се од 1962 година и досега имаше 14 неуспешни тендери. Овој пат сакаме се да направиме како што треба. Разгледуваме дали ќе биде Чебрен со Галиште, колку метри ќе биде браната и при крај сме со пресметките колку тоа ќе чини, појасни Божиновска.

За новиот Закон за енергетика, што беше изгласан неделава во Собранието, рече дека се чека да биде потпишан од претседателката и да стапи во сила, потенцирајќи дека е битно што е направен првиот чекор и е донесен законот.

Некои работи што се предвидени во Законот веќе почнавме да ги работиме како што е енергетската сиромаштија за која веќе се изработува методологијата. Некои фирми веќе ги разгледуваат опциите за изградба на батерии за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори. Тоа значи дена неколку работи се веќе почнати, но станува збор за процес. Нешто ќе биде брзо, а нешто пополека зашто ќе треба да се изработат и подзаконски акти, оцени Божиновска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ја удирал со боксови, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец
Следна Статија (Видео) Снег во Србија и во Црна Гора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Повик на Варш за договор помеѓу Федералните резерви и Трезорот предизвика дискусија на обврзничкиот пазар

Кевин Варш понуди повеќе идеи за тоа како би раководел со Федералните резерви за време на својата кампања за позицијата…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал

Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Мерката со ограничените профитни маржи на 73 основни прехранбени производи завршува на крајот од месецов. Во некои маркети е забележано…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?