Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Најдобро е Чебрен да е македонски капацитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Најдобро е Чебрен да е македонски капацитет
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Најдобро е Чебрен да е македонски капацитет

Објавено June 6, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Владата наследила катастрофална состојба во енергетскиот систем од претходните раководства, вели миннистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за МРТВ појаснувајќи дека се работи за „седум години негрижа за енергетските капацитети“ поради што, како што рече изминатата година работеле на консолидација на енергетскиот систем.

– Менаџментот се потруди многу за да ги направи ремонтите за да имаме стабилно снабдување со електрична енергија. Сега приоритетите ни се да го зголемиме производството и секако да го намалиме увозот, а понатаму бидејќи сме земја на сонцето имаме многу сончеви денови сакаме да станеме извозник и на електрична енергија – изјави Божиновска.

Таа вели дека во новиот закон за енергетика за првпат се воведува енергетска сиромаштија, ќе има граѓански заедници, за првпат се воведуваат батериите односно системи за складирање на електрична енергија, воведуваме и е-мобилност,

Министерката се осврна и на проектот за Чебрен за кој вели дека е најдобро да биде во македонска сопственост. Според неа, анализите на експертите покажале дека ваков проект ќе чини најмалку 1 милијарда евра, во кој се предвидува изградба на брана од 190 метри и е еден комплексен проект кој би се градел 7-8 години. Божиновска потсети дека во изминатите декади се спроведени 14 неуспешни тендери за изградба на Чебрен.

Формиравме работна група во Министерството, кој работеше неколку месеци и изработи предлог. Тој предлог кажува дека овие капацитети е најубаво да се наши, македонски, ние да го имаме овој потенцијал бидејќи тој е над 300 MW електрична енергија. Тоа ќе биде проект не само за производство за електрична енергија, туку ќе се користи и за наводнување и за туризам, што значи еден сериозен проект, – рече Божиновска.

Во изминатиот период во повеќе наврати од Владата изјавија дека ги истражуваат можните начини за финансирање на овој капитален проект, а од минатата недела истиот е дел и од листата на проекти кои би се финансирале преку договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија
Следна Статија Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонски ланец маркети влегува на српскиот пазар

Македонскиот ланец Стокомак наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот Retail Serbia, пренесе Б92. Како што пишува во…

October 11, 2024
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

Денеска е последен ден од новогодишната кошничка, која од утре престанува да важи, а со тоа речиси 1,200 производи ќе…

January 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извршен директор на Salesforce критикува шегите на Бениоф за ICE

Технолошкиот директор на Salesforce, Паркер Харис, зборуваше за контроверзата во интерен состанок.

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?