Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија
СПОРТ

Македонски тенисер обвинет за силување во Америка – му се заканува долгогодишна робија

Објавено June 6, 2025 10:50
Сподели
Сподели

Македонскиот тенисер Берк Бугариќ е обвинет за силување во американската сојузна држава Јута. 21-годишниот Берк е тенисер во тимот на Универзитетот во Јута.

Неговото одење во САД по македонските медиуми беше опишано како историски успех затоа што има целосна стипендија, но наместо успех тој сега е обвинет за тешки кривични дела, јавува Радио Лидер.

Шест кривични дела: Обвинувања за силувања и сексуално насилство

Македонскиот тенисер се соочува со сериозни кривични обвиненија за силување и други сексуални обвинувања. Канцеларијата на јавниот обвинител на округот Солт Лејк поднесла вкупно шест обвиненија, сите класифицирани како тешки кривични дела од прв степен кои можат да донесат долгогодишна затворска казна.

Според обвинителниот акт, инцидентот се случил на 16 ноември 2024 година, кога Бугариќ и група пријатели, меѓу кои и оштетената, идентификувана со иницијали А.А., излегле заедно во бар, а потоа продолжиле во неговиот дом.

Американските медиуми пренесуваат дека судските документи стои дека двајцата влегле во спалната соба на Бугариќ каде започнале да се бакнуваат.

„Тој почна да ми ги откопчува панталоните, но јас му кажав дека не сакам да имаме секс“, сведочела оштетената во својата изјава.

И покрај тоа, според обвинението, Бугариќ пробувал да ја силува, а таа постојано му кажувала да престане. Оваа вест ги бранува американските медиуми, а ја објави и реномираниот Фокс.

Судот издал потерница за апсење на Бугариќ без право на кауција. До среда попладне, тој сè уште не бил евидентиран во затворскиот систем на округот Солт Лејк.

Универзитетот на Јута веќе објави дека „Обвинетиот повторно е суспендиран“.

„Свесни сме за кривичните обвиненија поднесени против студентот-атлет од машкиот тениски тим. Веднаш штом во ноември 2024 година беше пријавена првата обвинувачка изјава, Одделот за спорт на Универзитетот го суспендираше студентот“, изјави портпарол на Универзитетот за Gephardt Daily.

Инаку. Бугариќ бил државен првак во тенис во категорија до 12, 14, 16 и 18 години. Своевремено тој бил најавуван како голема надеж за македонскиот спорт. Сепак, евидентно е дека веројатно неславно ќе заврши неговата кариера во Америка, јавува Лидер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам
Следна Статија Божиновска: Најдобро е Чебрен да е македонски капацитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

На Ван Дајк не му се допаѓа т.н пауза за хидратација

Фудбалерот на Холандија, Вирџил ван Дајк, се изјасни против паузите за вода на Светското првенство во 2026 година. - Мислам…

June 16, 2026
СПОРТ

Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари.…

September 6, 2025
СПОРТ

Вардар и Црвена ѕвезда со срце за Кочани

Во хуманитарен натпревар за погодените од трагдеијата во Кочани, Црвена ѕвезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 3:1. Иако…

April 16, 2025
СПОРТ

Лука Јовиќ го потопи Интер и го одведе Милан во финалето на Купот (ВИДЕО)

Милан по пауза од седум години ќе се бори за трофејот во Купот на Италија. Милан го декласира градскиот ривал…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?