Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО | Tажен ден за тенисот: Рафаел Надал заминува во пензија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ВИДЕО | Tажен ден за тенисот: Рафаел Надал заминува во пензија
СПОРТ

ВИДЕО | Tажен ден за тенисот: Рафаел Надал заминува во пензија

Објавено October 10, 2024 13:10
Сподели
Сподели

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека се повлекува од тенисот.

Поздрав до сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав тешки години зад мене, особено тешки беа последните две.

Мислам дека не би можел да играм без ограничувања. Ова е секако тешка одлука, за која ми требаше малку време да ја донесам. Но, сè во животот има почеток и крај и мислам дека ова е вистинско време да се стави крај на кариерата која беше долга и многу поуспешна отколку што можев да замислам.

Многу сум возбуден што мојот последен турнир ќе биде финалето на Дејвис купот каде ќе ја претставувам мојата земја. Мислам дека го затворив кругот, бидејќи еден од првите успеси во кариерата беше играњето во финалето на Дејвис купот во Севилја во 2004 година.

Се чувствувам многу, многу среќен поради сите работи што ги доживеав. Сакам да се заблагодарам на целата тениска индустрија. На сите кои се дел од овој спорт, на сите мои колеги, особено на моите најголеми ривали. Поминав многу часови со нив и доживеав многу моменти кои ќе ги паметам до крајот на мојот живот“, изјави Шпанецот.

Легендарниот тенисер реши да стави крај на својата тениска кариера која изобилуваше со одлични резултати, што го вбројува меѓу најдобрите тенисери на сите времиња.

Во текот на кариерата Надал освои 22. Грен слем титули, 14 од нив се на Ролан Гарос.

Освен во Париз, Надал има четири титули на Ју-ес опен, а две на Австралија опен и Вимблдон.

Шпанецот најголемите битки ги водеше со Новак Ѓоковиќ, против кого одигра најмногу гренд слем финалиња во кариерата, но често споменуваше дека Роџер Федерер му бил најголемиот ривал.

Неговите натпревари против Новак и Роџер ќе се паметат уште многу години, па јавноста со право ги нарече „големата тројка“.

Во кариерата вкупно освои 92 титули што го прави петтиот најуспешен тенисер во опен ерата.

Надал својот најдобар тенис го одигра во 2008 година, кога на 1 август стана тенисер број еден во светот.

Успешен беше и кога играше за шпанската репрезентација, бидејќи во 2008 година освои златен медал на Олимписките игри во Пекинг, на Игрите во Рио де Жанеиро осови злато во дубл. Четири пати со Шпанија го освои Дејвис купот.

Mil gracias a todos
Many thanks to all
Merci beaucoup à tous
Grazie mille à tutti
谢谢大家
شكرا لكم جميعا
תודה לכולכם
Obrigado a todos
Vielen Dank euch allen
Tack alla
Хвала свима
Gràcies a tots pic.twitter.com/7yPRs7QrOi

— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во целост и навреме го реализираме проектот бесплатни учебници
Следна Статија Ковачевски: Ставањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав се побива бугарската теза дека се работи за еден народ во две држави

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар се најде на еден бод до шампионска титула

Уште еден бод му е потребен на Вардар за математички да ја обезбеди титулата во ПМФЛ. „Црвено-црните“ денеска на свој…

May 9, 2026
СПОРТ

Министерот Ристовски во посета на македонските ракометни надежи, им честита за супериорниот старт на Светското училишно првенство во ракомет

- Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во…

April 23, 2026
СПОРТ

Победа на Норис во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во Формула 1, трката за Големата награда на Абу Даби, неговиот триумф…

December 8, 2024
СПОРТ

Ноле в недела почнува на Ролан Гарос, со Синер може да игра дури во финалето

До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште два дена (24.мај – 7.јуни), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?