Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот Ристовски во посета на македонските ракометни надежи, им честита за супериорниот старт на Светското училишно првенство во ракомет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Министерот Ристовски во посета на македонските ракометни надежи, им честита за супериорниот старт на Светското училишно првенство во ракомет
СПОРТ

Министерот Ристовски во посета на македонските ракометни надежи, им честита за супериорниот старт на Светското училишно првенство во ракомет

Објавено April 23, 2026 17:09
Сподели
Сподели

– Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во ракомет, што се одржува до 29 април во Скопје, во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им упатил честитки за одличниот старт и им посакал да продолжат во ист ритам и со уште поголема самодоверба во следните натпревари.

Машката и женската училишна репрезентација на Македонија се дел од училишниот ракометен мундијал на кој настапуваат над 600 натпреварувачи од 20 земји во светот. Македонските репрезентации стартуваа супериорно, со по две убедливи победи во првите две кола на шампионатот.

Машката селекција предводена од селекторот Горан Кузманоски славеше против Бугарија (33-18), а потоа и против Грузија (46-13), со сигурна и доминантна игра во двата натпревари.

Избраничките на селекторката Даниела Новеска Вељаноска, на стартот беа поуспешни од репрезентацијата на Белгија (34-12). Со вториот убедлив триумф против Грузија (45-13), македонските ракометарки веќе обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското училишно првенство.

Министерот Ристовски изразил задоволство од прикажаната игра, енергија и тимски дух, истакнувајќи дека овие млади спортисти се вистински амбасадори на македонскиот спорт и и светла иднина на македонскиот ракомет.

Фото: Министерство за спорт

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ во Крива Паланка тргна и против својот градоначалник
Следна Статија Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

СЕНЗАЦИЈА: Финска ја елиминира Србија од ЕП

Кошаркарската репрезентација на Србија важеше за прв фаворит за златото, но ги заврши настапите на Евробаскетот уште во осминафиналето, со…

September 7, 2025
СПОРТ

Калин Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian…

July 3, 2026

NASCAR на Дејтона: Клучни информации, врски и резултати за Брзите недели 2026

Зачувајте ја оваа страница и враќајте се често додека се додаваат врски, резултати и повеќе за Брзите недели на Дејтона…

February 16, 2026
СПОРТ

Сент Џонс премногу силен за трет рангираниот УКон во епска победа во Big East купот

Натпреварот во Big East купот зазема нов пресврт

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?