Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
ЗДРАВЈЕ

Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето

Објавено April 23, 2026 18:48
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, ги презентира новините во предлог-законот за заштита од пушење.

– Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и од нашите обврски кон Европската Унија, но уште поважно – тој е одговор на реалните проблеми што директно ги чувствуваат работниците, компаниите и семејствата. Суштината е дека тутунот не е само здравствен предизвик, туку и економски товар за нашата државата. Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13 отсто од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители наспроти европскиот просек од 95 отсто – истакна министерот Алиу.

Тој посочи дека, освен здравствениот аспект – економскиот товар е речиси четирипати повисок од вкупните приходи што државата ги собира од акцизите на тутунските производи, односно за секој денар што влегува во буџетот преку акцизи на тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици. Работниците во угостителството, нагласи, се најизложената група на штетните последици од пушењето. Потенцира дека со овие законски решенија чистиот воздух на работното место станува право на секој работник.

– Воведуваме и принцип на пропорционална одговорност – работодавачот што ги презел сите мерки и го пријавил прекршувањето нема да одговара за туѓото однесување. Во однос на грижите за вработените во угостителскиот сектор, научните сознанија од светски референтни истражувања покажуваат дека сеопфатните забрани имаат неутрален или позитивен ефект врз продажбата во угостителскиот сектор. А истражување спроведено во нашата држава од декември 2025 година покажува дека само 14 отсто од угостителите сметаат дека сегашната регулатива е целосно неефикасна, а околу 50 % се подготвени да се приклучат на иницијативи за средини без чад. Нивните забелешки не се против забраната, туку против нејасните правила и нелојалната конкуренција. Тоа го решаваме со универзални правила за сите. Предвидени се и разумни преодни периоди – шест месеци за изложувањето во малопродажбата и една година за угостителските тераси – заклучи министерот Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Ристовски во посета на македонските ракометни надежи, им честита за супериорниот старт на Светското училишно првенство во ракомет
Следна Статија Сонцето и Јупитер со заеднички сили ја менуваат судбината на овие три знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка

Се зголемува бројот на млади пациентки со рак на дојка. Иако претходно жените над 40 години беа со поголем ризик…

March 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Ургентниот центар примени 11 пациенти по невремето во Скопје

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се…

July 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Стојковски: Двојно зголемен буџетот на Онкологија, во оптек седум нови лека

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски во интервју за МИА истакнува дека двојно зголемен е…

June 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Третина од населението во Македонија страда од прекумерна тежина, болест поврзана со над 200 коморбидитети

Дебелината  претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, а посебно ги засега…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?