Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
СВЕТ

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Објавено December 28, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Ангола и Намибија се согласија да го прифатат враќањето на нелегални мигранти и криминалци, откако британската Влада се закани дека ќе воведе визни санкции за земјите што одбиваат да соработуваат, објави британското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека на Демократска Република Конго ѝ е прекината забрзаната постапка за добивање визи, како и преференцијалниот третман за службениците и лицата што донесуваат одлуки, поради неисполнување на барањата на Лондон во врска со подобрувањето на соработката, објавија британските медиуми.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд предупреди дека Велика Британија би можела дополнително да ги заостри мерките, вклучително и целосно суспендирање на издавањето визи за ДР Конго, доколку соработката „не се подобри итно“.

„Очекуваме земјите да ги почитуваат правилата. Доколку нивниот граѓанин нема право да остане тука, тие мора да го примат назад“, нагласи Махмуд.

Постигнатите договори претставуваат прва значајна промена во рамките на реформите објавени минатиот месец, кои предвидуваат привремен статус на бегалци и забрзување на депортациите на луѓе што нелегално влегуваат во Велика Британија, проценуваат британските медиуми.

Шефицата на дипломатијата, Ивет Купер, изјави дека Велика Британија од личи минатата година веќе депортирала повеќе од 50.000 лица без право на престој, што е зголемување од 23 проценти во однос на претходниот период, додавајќи дека на дипломатите им било кажано „враќањето да им биде врвен приоритет“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nintendo Switch Online враќа икони од 2025 година
Следна Статија Тори Бруно се придружува на Blue Origin по неговото водство во ULA

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Харвард ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа…

April 15, 2025
СВЕТ

Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари

Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе од една година војна ќе чини над 53 милијарди долари, од кои повеќе…

February 11, 2025
СВЕТ

Војната во Иран ќе ја крене цената на нафтата угоре

Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз…

March 2, 2026
СВЕТ

Словачка се закани дека ќе излезе од НАТО и ЕУ, премиерот Фицо не ја исклучи таа можност

Словачкиот премиер Роберт Фицо застана во одбрана на вицепремиерот Тибор Гашпар кој отворено зборуваше за можноста нивната земја да се…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?