Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
СВЕТ

Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари

Објавено February 11, 2025 18:58
Сподели
Сподели

Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе од една година војна ќе чини над 53 милијарди долари, од кои повеќе од 20 милијарди ќе бидат потребни во првите три години, покажува новата проценка на Обединетите нации, објавена денеска.

„Краткорочните, среднорочните и долгосрочните потреби за опоравување и реконструкција во Појасот Газа се проценети на 53,142 милијарди долари. Од тоа, краткорочните финансиски потреби за првите три години се проценети на околу 20,568 милијарди долари“, напиша генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот испратен до Генералното собрание на ОН.

Во резолуцијата усвоена во декември, која повика на итен и безусловен прекин на огнот во Појасот Газа, Генералното собрание на ОН побара од Гутереш да достави проценка на краткорочните, среднорочните и долгосрочните потреби на Газата во рок од два месеца.

„Иако во актуелниот контекст не беше можно целосно да се процени целиот спектар на потреби што ќе бидат неопходни во Појасот Газа, брзата привремена проценка дава почетна индикација за значителните потреби за опоравување и реконструкција на таа територија“, се вели во извештајот.

Поради тоа што „повеќе од 60 отсто од куќите“ се уништени од октомври 2023 година, за станбениот сектор ќе биде потребно околу 30 проценти од потребите за реконструкција, или 15,2 милијарди долари, се наведува во извештајот.

Следат трговијата и индустријата (6,9 милијарди), здравството (6,9 милијарди), земјоделството (4,2 милијарди), социјалната заштита (4,2 милијарди), сообраќајот (2,9 милијарди), водоснабдување и канализација (2,7 милијарди) и образованието (2,6 милијарди).

Извештајот исто така посочува посебно високи трошоци за секторот заштита на животната средина (1,9 милијарди долари), „поради големата количина на урнатини кои содржат неексплодирани убојни средства и високите трошоци поврзани со отстранувањето на отпадот“.

ОН проценуваат дека конфликтот создал „повеќе од 50 милиони тони отпад, под кои се наоѓаат човечки остатоци заедно со неексплодирани направи, азбест и други опасни материјали“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Софија отворен музеј на легендата Стоичков
Следна Статија Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот Океан

Авион на „Делта ерлајнс“ беше принуден да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако еден од неговите мотори се…

July 20, 2025
СВЕТ

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела на податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, при обновен пад на криптовалутите и остри коментари од Банката на Јапонија

December 2, 2025

Кардинал Пицабала: Ќе направиме сè можно за Газа

По неговата втора посета во рок од шест месеци на појасот Газа - првата по прекинот на огнот - латинскиот…

December 25, 2025
СВЕТ

Германците апелираат: Пратете ги божиќните подароци порано оти има огромен недостиг од возачи

Германските шпедитерски здруженија денеска предупредија на можни доцнења во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони. „Апелираме до граѓаните…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?