Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечерва на скопскиот аеродром ќе пристигнат евакуираните македонски државјани од Израел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вечерва на скопскиот аеродром ќе пристигнат евакуираните македонски државјани од Израел
МАКЕДОНИЈА

Вечерва на скопскиот аеродром ќе пристигнат евакуираните македонски државјани од Израел

Објавено March 5, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Република Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20 часот.

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на аеродромот патниците ќе ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт до денес 505 македонски граѓани се обратиле до Амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во Бахреин и 141 лице во Доха.

Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции, информира претходно ресорното Министерство.

Оттаму ги викаат сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНРиНТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите
Следна Статија Live updates: Trump says Iran operation could take “four weeks or less,” 3 U.S. troops killed – CBS News

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање

Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

Универзитетската професорка по криминалистика, Марина Малиш Саздовска вели дека Министерството за внатрешни работи, во врска со трагичниот настан во Кочани,…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?