Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага
МАКЕДОНИЈА

Саздовска: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

Објавено March 19, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Универзитетската професорка по криминалистика, Марина Малиш Саздовска вели дека Министерството за внатрешни работи, во врска со трагичниот настан во Кочани, постапувало строго професионално и за краток рок ги презело сите мерки во делот на криминалистичката истрага.

Во разговор за телевизија ТВ21, професорката Саздовска посочи дека ВМР покажа стручност и итни резултати од истрагата и покрај тоа што увидот на место на настан каде имало пожар е најкомплексен увид, бидејќи материјалните траги горат.

„Имаме едно строго професионално постапување. Тоа што во моментот не е во притвор градоначалникот, би го толкувала само на начин дека што можеби во процедурата немало основи за негово понатамошно задржување. Тоа што одредени лица се приведени, тоа не значи дека кон нив ќе биде процесирана кривична пријава. Значи да оставиме простор на криминалистичко- оперативна дејност да постапи и да добиеме еден целосен увид во настаните“, рече професорката Саздовска.

Саздовска апелираше надлежните да постапуваат внимателно бидејќи граѓаните во вакви сензитивни моменти на вакви големи трагедии можат лесно да бидат изманипулирани.

„Масата која што ќе биде вклучена во голем број, тоа ќе бидат голем број на учесници на погребалните поворки, лесно би можело да биде изманипулирана. Да се надеваме дека тоа нема да се случи. Меѓутоа, секако, во тие траорни моменти луѓето се многу емотивно насочен во делот на самата ситуација и би требало со многу големо внимание да се постапува во тие ситуации. Да се избегнат сите можни провокации од било која страна“, објасни Саздовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани
Следна Статија Мицкоски: Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зелник, макало, сарма, ајвар и пастрмка- Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во Охридско Езеро за Водици

Архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан ќе раководи со чинот на осветувањето на водите на…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Министерството веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески во Струга

Министерот за култура Зоран Љутков вчера во Струга изјави дека Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се потпиша нов Колективен договор, 20 отсто покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, од една страна, и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?