Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин

Објавено November 17, 2025 11:10
Сподели
Сподели

По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до граѓаните и ги повика на лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината.

-По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени, порача Костадиновски.

Тој нагласи дека изградбата на правна држава денес претставува чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената земја, како и најсигурен начин да се зачува заветот на предците и да се обезбеди иднина за наследниците во слободна, демократска и просперитетна држава.

-Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината, нагласи претседателот на Уставен суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска студентите може да аплицираат за ваучери за компјутер, лап-топ или таблет
Следна Статија ВЛЕН: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Државниот јавен обвинител не смее да има двојно државјанство

Пратениците на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го прифатија амандманот во новиот предлог-закон за Јавното…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот

Обврската за Македонија за впишување на Бугарите во Уставот останува. Ова е ставот на, Марта Кос, која попладнево ја доби…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поради Задушница, в сабота нема да се одржи „Марш на ангелите“ во Кочани

Поради Задушница, оваа сабота, на 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, соопшти на Фејсбук Здружението на граѓани…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како се избира градоначалник во прв круг?

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?