Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски
МАКЕДОНИЈА

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Објавено December 30, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи објави национална и меѓународна потерница за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски е недостапен за истражните органи, а се сомничи во случајот „Адитив“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

-Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице, се вели во соопштението.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црногорел го стеснувал желудникот па умрел, родителите огорчени на клиниката
Следна Статија Треба да плати пет милиони долари: Трамп ја загуби жалбата против новинарката која го обвини дека ја силувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило

Името на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во соработка со ИРИ, како дел од проектот за дијалог со граѓанските организации оддржа…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сташа Цветковиќ е „инструкторката“ за правење дестабилизација и злоупотребување на трагедија од Кочани! Работи ли за тајна служба?

Сташа Цветковиќ е името на „инструкторката“ за правење дестабилизација и злоупотребување на трагедија од Кочани. Студира архитектура во Белград. Можно…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?